Премиера на „Власт“ од Нушиќ на штипскиот Театар

Текстот „Власт" на Бранислав Нушиќ вечер ќе се постави на штипската театарска сцена во рамки на проектот „Нушиќ – наш современик". Претставата по текстот на врвниот комедиограф Нушиќ во Штип ќе се гледа по речиси петнаесетина години откако претходно се играше неговата „Нажалена фамилија". Комедијата „Власт" е трета премиера годинава на Театарот во Штип, режисер е Ѓорѓи Ризески и играат осум актери. „Мило ми е што ја работиме оваа претстава, зашто делата на Нушиќ се апсолутно актуелни и ден - денес, вели режисерот.

„Тоа е последно дело на Нушиќ и, да речам, можеби е најзрело, бидејќи колку повеќе твори, толку повеќе се истакнува неговиот квалитет. Тоа е недовршено дело и ние не го буквално довршивме, но имавме една наша креација и мислам дека тоа ќе се почувстува во претставата“, рече режисерот Ризески.

Според актерите, станува збор за актуелна приказна, а пренесува и голема порака и ги вклучува емоциите. Ги поканија штипјани да уживаат во претставата.

„Не само што е актуелна приказната и не дека тоа е тоа што ќе ја движи претставата, туку се емоциите. Секој од нас кога ќе се најде во таква ситуација, кога негов близок се наоѓа на власт, сѐ се менува. И тоа толку боли, бидејќи знаеме дека има еден куп проблеми. Со ова може да го кажеме и нашиот став гласно и јасно“, рече актерот Ефтим Трајчов Ѓаурски.

Актерот Милорад Ангелов додаде дека е чест и задоволство да се учествува во вакво дело режирано од, како што рече, еден прекрасен млад режисер.

„Гарантирам дека публиката ќе ужива во претставата“, рече Ангелов.

Центарот за култура „Ацо Шопов"-Штип со претставата „Власт" ја завршува полусезоната. Во неа учествува голем тим, од кој дел се и невработени актери избрани на аудиција. Директорот на Центарот за култура „Ацо Шопов" Горан Трајков е со став дека на ваков начин се подобрува квалитетот и се задоволува потребата од млади актери.
По вечерашната премиера, претставата „Власт" ќе има уште две репризи, на 20 и 28 јуни. Почетокот е во 20 часот, а влезницата чини 300 денари.

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе