Отворен Фестивалот на монодрамата во Битола

Со монодрамата „Само глас" во која настапи актерката Ѕвездана Ангеловска, проект на авторката Нина Плавањац, во режија на Марјан Неќак, кој воедно е автор на музиката, сценограф и дизајнер на светло, синоќа во Битола е отворен Фестивалот на монодрамата. Годинава новина е дневната офф-програма која од 12 до 15 часот ќе се случува на делови и од Широк Сокак со учество на актери од Статуа Фест. Учествуваат актери од 11 земји.

Фото: Тера ТВ

„Монодрамата е широк поим, кој што опфаќа еден човек на сцена, а сцената секаде може да се случи. Оваа година имаме гости, колеги, актери, пантомимичари од 'Статуа фест'. Мојата идеја како директорка на фестивалот е да ја фузираме и да ја привлечеме битолската публика, бидејќи имавме две тешки пандемиски години, каде што публиката во салите беше во намален број и ова е една идеја, за оние кои што точно не знаат што е фестивалот на монодрамата, преку нашите колеги-статуи, да разберат дека станува збор за еден човек на сцена, а од другата страна, самите статуи се многу атрактивни, има вакви примери низ сите поголеми градови низ Европа, така што му дава едно освежување, еден нов ветер на фестивалот и јас се надевам дека почетокот на оваа соработка е оваа година, а дека ќе ги има се почесто во Битола, како атракција, бидејќи веќе гледаме дека битолчани застануваат, се сликаат и се инспирирани од она што го гледаат, а тоа се нашите колеги, ние ги делиме нашите флаери со програмата од фестивалот и тоа е и покана за битолската публика да го проследат во наредните седум дена 23 издание на Интернационалниот фестивал на монодрама, кој се случува во организација на Центарот за култура", изјави директорката Маја Андоновска-Илијевски за Тера ТВ.

„Мислам дека оние што ние ги сметаме претстави за пошироката публика, се ансамбл претстави повеќе, и мислам дека монодрамата е еден потежок вид на претставување пред публиката, затоа што се нема партнер, нема кој да те 'спаси' во одредени моменти, така што тоа е голем предизвик. Еве јас за сите мои години актерска кариера  уште се немам осудено да направам монодрама. Тоа не значи дека се плашам, а исто така не значи дека младите колеги кои што работат монодрами дека не се спремни за тоа. Мене ме радува фактот што секоја година е поголем интересот за монодрами, како во нашата држава, така и надвор од неа и мислам дека овогодинешниот репертоар на 23-то издание пружа и во однос на квантитетот и на квалитетот, еден голем избор на претстави и мислам дека публиката ќе биде многу задоволна", изјави актерот Петар Мирчевски, кој е селектор на програмата на Фестивалот.

„Почнуваат денови испо лнети со аплаузи за актери од 11 држави на фестивалот за монодрама во Битола“, истакна министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, која го прогласи за отворено 23. издание на Интернационалниот фестивал на монодрамата во Битола.

Легенда под Главна слика

Фото: Тера ТВ

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе