ФИЛМСКИ ПЕЧАТ

Осврт кон Конгресот на ИМАГО на Фестивалот „Браќа Манаки“ е објавен во „Бритиш кинематографер“

„Македонското друштвото на филмски професионалци, како домаќин на ИМАГО, ни овозможи и пријатен престој и ефикасни средби“, пишува новоизбраниот претседател на Меѓународната федерација на кинематографери ИМАГО, Рене Рестад, во текстот објавен на две страници во влијателното филмско списание „Бритиш кинематографер“.

Во изданието за месец ноември од 2016 година, во „Бритиш кинематографер“ (British Cinematographer) објавен е обемен текст на две страници, со шест фотографии, на новоизбраниот претседател на Меѓународната федерација на кинематографери ИМАГО, Рене Рестад, во кој, тој со суперлативи се заблагодарува на директорот на 37-то издание на фестивалот „Браќа Манаки“, Благоја Куновски, и уметничката директорка Гена Теодосиевска, како и на организаторот на конгресот на ИМАГО во Битола, Томи Салковски и неговиот вреден тим, за успешното 37. издние на фестивалот „Браќа Манаки“, во чии рамки, од 13 до 15 септември, успешно беше организиран и Конгрес на ИМАГО.

На почетокот на текстот Рене Рестад му се заблагодарува на Томи Салковски, кој раководеше со организацијата на конгресот на ИМАГО во Битола и на неговиот тим. Веднаш потоа, Рестад пишува и за фестивалот „Браќа Манаки“.

„Им благодарам, исто така, и на директорите на фестивалот, Благоја Куновски и Гена Теодосиевска, што ни овозможија да бидеме дел од овој голем филмски фестивал на Балканот, кој особено се фокусира на важната улога на кинематограферот во продукцијата на филмот. Македонија, градот Битола и филмскиот фестивал ’Браќа Манаки‘ се места со топло срце и одлично организиран фестивал и членовите на ИМАГО ќе го имаат тоа на ум и ќе го промовираат“, пишува претседателот на ИМАГО, Рестад.

Во текот на 37. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ се одржа Конгрес на Меѓународната федерација на кинематографери ИМАГО, во која што членуваат околу 50 меѓународни здруженија со повеќе од 4.000 кинематографери од сите краеви на светот. Домаќин на ИМАГО беше Друштвото на филмски професионалци на Македонија.

Изминатите неколку дена Централната разузнавачка агенција на САД (ЦИА) објави неколку милиони документи во врска со нивната работа, меѓу кои илјадници документи се однесуваат на СФРЈ и Македонија. 

повеќе

Искрено, сметам дека Трамп нема многу да се посвети на Македонија и на Балканот, како што некои мислат.

повеќе

Социјалните медиуми се алатка која овозможува двонасочна комуникација. Тоа е нивната предност,

повеќе