Нова премиера на театарот Чекори – „Женски работи“ во режија на Маја Ѓурчевска

Театарот „Чекори“ утре во 20 часот на сцената на Домот на културата „Димитар Влахов“ во Автокоманда премиерно ќе ја изведе претставата „Женски работи“ од авторот Жан Клод Дино, а во режија на Маја Ѓурчевска.

Улогите во претставата ги толкуваат Зорица Манева, Ангела Наумовска и Маја Ѓурчевска, суфлер, инспициент, тон и светло мајстор е Никола Димевски.

Делото спаѓа во жанрот црна комедија, а влезниците по цена од 100 денари можат да се набават на самиот влез, пред почеток на претставата.

Со своето 48-годишно постоење, Театар „Чекори” е најстариот алтернативен театар во Македонија.

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе