Нова драма на снимањето на Болдвиновиот „Раст“

Член на екипажот што работел на продукцијата на филмот на Алек Болдвин „Раст“ - откако кинематограферката случајно беше застрелана на снимање – е каснат од отровен пајак и може да ја загуби раката.

Фото: скриншот

Инцидентот со операторот на светилки и цевки Џејсон Милер се случил пред извесно време, а Скај њуз дознал за него преку веб-страница за собирање пари за лекување на човекот.

Милер работел на продукциската локација во Ново Мексико кога бил каснат во раката од кафеав пустински пајак, кој во својот плен вбризгува отров што го убива ткивото.

Членот на екипажот бил хоспитализиран неколку дена по каснувањето, бидејќи доживеал тешки симптоми, вклучувајќи некроза и сепса.

Човекот „секојдневно е подложен на повеќе операции додека лекарите даваат сѐ од себе за да ја спречат инфекцијата и да се обидат да му ја спасат раката од ампутација“, се вели во пораката на платформата за собирање средства.

Дури и во најдоброто сценарио, „ќе биде многу долг патот до закрепнувањето на Џејсон ако медицинскиот тим успее да му ја спаси раката“, се додава.

Скај њуз ги контактирал продуцентите во врска со тоа што се случило со Милер, а тие одговориле: „Не коментираме поединечни членови на актерската екипа и приватните работи на екипата“.

Страницата за собирање средства за Милер по објавувањето на веста е отстранета од веб-сајтот.

Беше одлучено снимањето на Раст да престане откако кинематограферката Халина Хачинс почина на снимањето на 21 октомври.

Главната ѕвезда и продуцент на филмот, Алек Болдвин, случајно пукнал со пиштол во Хачинс за време на проба, при што го рани и режисерот Џоел Суза.

Неколку моменти пред да го повлече чкрапалото, Болдвин од помошник-режисерот добил уверување дека пиштолот е безбеден за употреба. Засега не е јасно како вистинските куршуми се нашле во пиштолот, но колегите од екипажот го опишаа оружарот на филмот како неискусен и „малку невнимателен со пиштолите“.

Легенда под Главна слика

Фото: скриншот

Зголемувањето на цените на храната се случува од причини кои се многу посложени отколку зголемувањето на другите цени, така што справувањето со тие причини бара различни стратегии. 

повеќе

Оние кои што најмногу сакаат карикатури засновани на црн хумор, имале највисоки мерки на вербалните и невербалните тестови на интелигенција, односно потребна е извесна интелигенција, добро расположение и смиреност да се препознае и ужива во црниот хумор, покажуваат истражувањата.

повеќе

Засега нема причина за паника, но треба внимателно да му пристапиме на наративот дека омикрон предизвикува лесна форма на КОВИД-19 која побрзо ќе доведе до крај на пандемијата.

повеќе