Жири-комисијата во состав: Ласло Блашковиќ, писател (претседател на жирито), Јована Балашевиќ, актерка, и Ивана Ѓуриќ Пауновиќ, литературен преведувач, едногласно одлучија наградата за најдобра машка улога да се додели на Никола Ристановски за улогата на Др. Томас Стокман, во претставата „Народен непријател".
Во официјалната програма учествуваа 6 претстави од најголемите театарски куќи од регионот, а во чест на наградените, вчеравечер се одигра претставата „Љубов и вина", во режија на уметничката директорка на фестивалот, Вида Огњеновиќ.
Својата триесет годишна кариера Ристановски успешно ја гради во Македонија и надвор од нејзините граници. Остварил огромен број театарски, филмски и телевизиски улоги. Тој е воедно и најтрофејниот актер во историјата на македонскиот театар.
Претставата „Народен непријател" на 5 ноември ќе гостува и во Италија.