Недела на детски филмови во киното „Манаки“ во Битола

Пет филмови за деца и млади од поновата европска продукција од денеска ќе се прикажуваат во киното „Манаки" во Битола во рамките на „Неделата на детски филмови". Програмата почнува денеска во 11 часот со проекција на филмот „Неверојатната приказна за џиновската круша", синхронизиран на македонски јазик и продолжува до 8 јули со секојдневни проекции.

 „Неверојатната приказна за џиновската круша" е базиран на истоимената популарна книга за деца од Јакоб Мартин Стрид и е приказна за две другарчиња – слонот Себастијан и мачката Мичо кои се впуштаат во морска авантура за да го спасат исчезнатиот градоначалник Џи Би, кому еден ден мистериозно му се губи трагата. Тие го совладуваат морето со нивната џиновска круша и во текот на нивната авантура ќе налетаат на пирати, змејови и чудни духови.

Утре во 11 часот ќе се прикажува детската авантура „Кариран нинџа", исто така синхронизиран на македонски јазик. На програмата до 8 јули се и „Хакер", „Патештествието на принцот" и „Мираи", а и повторно „Неверојатната приказна за џиновската круша" и „Кариран нинџа" со синхронизација на албански јазик. Влезот за проекциите е слободен.

„Недела на детски филмови" е во организација на дистрибутерската куќа Узенгија во рамките на програмата на годинешното издание на „Бит-фест 2022".сот

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе