ЕТНОЛОГИЈА

Настанот „Весела е година, голем клас на нива“ носи проекција на етнолошки документарни филмови

Во пресрет на празникот Василица во Музејот на Македонија на 12 јануари 2017 година, во 11 часот, ќе се одржи проекција на етнолошки документарни филмови насловена „Весела е година, голем клас на нива“. Во таа пригода ќе бидат прикажани три филмови поврзани со обредите со маски од домашна и странска продукција.

На настанот „Весела е година, голем клас на нива“ ќе бидат прикажани филмовите „Си било еднаш во долината Фиеме“ (20 мин., Италија, 2009 година) и „Еден ден во Агнита“ (10 мин., Романија, 2010 година) во режија на Микеле Трентини, како и „Возот за Мартолци“ (15 мин., Македонија, 2003 година) во режија на Владимир Боцев. Проекцијата ќе биде проследена со дискусија за филмовите и обичаите на кои тие се однесуваат.

Настанот се реализира во организација на д-р Владимир Боцев, кустос советник во Етнолошкиот оддел при Музејот на Македонија, кој е и автор на еден од филмовите.

„Нова година, Василица, време на обреди со маски. Време кога се уриваат воспоставените норми на секојдневното живеење. Време кога она за кое што знаеме дека е на врвот на општеството е на самото дно, а она за коешто сите сме убедени дека е долу, е горе. Период во кој престануваат да важат општо прифатените правила за ’добро‘ однесување, забраните, табуата. Во периодот на Василица се ослободува сета позитивна и негативна енергија акумулирана низ изминатата година и секој може да каже и покаже сѐ што сака.

Иако обредите во овој период содржат пракси на маскирање, однесување и преоблекување, кои секоја година се повторуваат, односно, поврзани се со нивното традиционално изведување, тие содржат и маса на импровизации кои зависат од креативноста и умешноста на учесниците, а кои им даваат свежина и ги прават постојано интересни и забавни за заедницата во која што се практикуваат.

Денес обредите сѐ повеќе претставуваат маркери на идентитетот на определена група, додека пак, желбата да се постигне плодност, здравје и благосостојба сѐ повеќе се турка во втор план. Со други зборови, сѐ повеќе се истакнува нивнато општествено значење на сметка на религиозното“, потенцира д-р Владимир Боцев.

Помина 28-ми април во уште едно потсетување, дека пред 16 години од заседа кај Вејце ѕверски беа мачени и убиени осуммина македонски бранители во најкрвавиот и најбрутален масакар во поновата македонска историја.

повеќе

Во ситуација кога политичките опции се толку спротивставени, останува да се формира едно тело/одбор составено од врвни, независни и непристрасни луѓе.

повеќе

Доколку и се избере влада на РМ без формално определен мандатор Уставниот суд на РМ нема да има правна можност за никаква интервенција.

повеќе