Реакција

Министерство за култура: Го почитуваме Колективниот договор

Министерството за култура, по реакцијата на Синдикатот на културните работници на Македонија, а по повод интервјуто на министерката Бисера Костадиновска-Стојчевска во емисијата „10 минути“ на ТВ21, ја информира јавноста дека министерката ја почитува законската обврска што произлегува од Колективниот договор, и платите на вработените во институциите се исплаќаат онака како што се уредени со Договорот.

„Потсетуваме дека тој Колективен договор е потпишан со негативно мислење од Министерството за финансии. И покрај тоа, Министерството за култура ги исплаќа платите во ресорот, усогласени со минималната плата.

Членовите на СКРМ треба уште еднаш да ја гледаат емисијата во која министерката Костадиновска-Стојчевска истакнува дека културата е за сите и се издигнува над другите гранки, и затоа очекува солидарност од сите чинители, како од вработените, така и од субјектите од независната сцена, во време на енергетска и економска криза.

Министерството за култура е должно да обезбеди еднакви услови за творење на сите чинители во културата, како и за обезбедување услови за остварување на творештвото. Тоа подразбира еднаквост на правата вклучувајќи ги националните установи, другите корисници и вработените во министерството. Со кратењето на средствата заради обезбедување плати на вработените, се создава дисбаланс во однос на средствата за егзистенција на другите корисници, што Министерството за култура е должно да го исправи.

Министерката за култура во многу наврати истакнува дека вработените во установите по долги години успеале да ги остварат своите права преку Колективниот договор, кој е над законот. Таа посочува дека и во време на кризи, вработените ги остваруваат своите права и покрај заложбата на Министерството за пролонгирање на исплатата на средствата од 1 септември 2022 година, што беше одбиено, поради што упатува на што помалку сензационализам во нивните реакции.

Со оглед на тоа што Колективниот договор е истечен и е формирана  работна група која ќе работи на новиот Колективен договор, министерката за култура Костадиновска-Стојчевска, изразува уверување дека дијалогот меѓу Министерството за култура и синдикатите ќе продолжи во конструктивна атмосфера за унапредување на работничките права во културата“, соопшти Министерството за култура.

 

 

 

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе

Oд Словото за академик Божин Павловски, 80 години од раѓањето и 60 години од неговото творештво.

повеќе