„Македонски анимиран филм 1971-1991“ го отвора фестивалот „Балканима“ во Белград

Со проектот „Македонски анимиран филм 1971-1991“ денеска се отвора 19. издание на  „Балканима“ - Европски фестивал на анимираниот филм, кој ќе се одржи од 4 до 9 октомври во Белград. Проектот се состои од изложба на артефакти и филмска проекција на кратки анимирани филмови создадени во периодот од 1971 до 1991 година од пионерите на македонскиот анимиран филм: Петар Глигоровски, Дарко Марковиќ, Боро Пејчинов, Делчо Михајлов, Афродита Марковиќ, Мице Јанкуловски, Славољуб Игњатовиќ, Мирослав Грчев и Милутин Рогановиќ.

„Македонски анимиран филм 1971-1991, Помеѓу златна доба и заборав“ се обидува да ја пополни празнината, да ја запознае денешната јавност со делата на авторите и да им даде признание на пионерите и великаните на македонскиот анимиран филм. Реализацијата на проектот е на Иван Ивановски, заедно со Друштвото на филмските работници на Македонија во соработка со Слободан Јаќоски, Кинотека на РСМ и Вардар филм.

Иван Ивановски работи скулптури, цртежи, инсталации, фотографии, видео, филм и анимација. Дипломирал на отсекот вајарство на Ф.Л.У. Скопје, а студирал и на Академскиот програм за режија на Ф.А.М.У. во Чешка. Има реализирано 20 индивидуални изложби (Скопје, Куманово, Гевгелија, Њујорк, Љубљана, Берлин и др.) и повеке групни изложби, меѓу кои и Биенале на млади уметници од светот (WEYA), NewArt Exchange (Нотингем, Англија, 2012), Биенале на млади уметници од Европа и Медитеранот (Рим, 2011), Фестивал за визуелни уметности и независен филм 4 синхронизирани градови (Приштина, Амстердам, Сараево, Скопје, 2010), PROJECT(OR) ART FAIR - платформа за современи уметнички простори (Ротердам, 2007), IndependentDrawingGig (IDG) Vol. 2, Музеј на современа уметност (Скопје, 2006) и многу други во земјава и странство.

Слободан Јаќоски е филмски промотер и истражувач. Има реализирано пет филмски кампањи: Исцелител (2017), Бикини Мун (2017), Година на мајмунот (2018), Ej! (2018) и Врба (2019). Јаќоски работеше и на промоцијата на наградуваната кампања за телевизиската серија На терапија (2017).

Главна цел на Европскиот фестивал на анимираниот филм „Балканима“, кој постои уште од 2004. Година, е претставување на европски авторски и студентски кратки анимирани филмови, со аспект на промоција на српската и балканската анимирана сцена. Фестивалот е од натпреварувачки карактер, а во работата на жирито учествуваат аниматори, филмаџии, теоретичари и визуелни уметници од Европа.

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе