АГЕНЦИЈА ЗА ФИЛМ

Македонија со филм снимен во малцинска копродукција учествува на Канскиот филмски фестивал

Агенцијата за филм на Република Македонија оваа година по осми пат е дел од Канскиот филмски фестивал, и по вторпат со филм во официјалната програма на фестивалот.

По минатогодишното учество на романско-француско-хрватско-македонско-босанската копродукција „Сиераневада“ во режија на Кристи Пуиу во официјалната конкуренција, оваа година во програмата „Извесен поглед“ (Un Certain Regard) Македонија како земја копродуцент ќе се претстави со филмскиот проект „Насоки“ во режија на Стефан Командарев.

Долгометражниот игран филм „Насоки“ премиерно ќе биде прикажан на 26 мај со проекции од 11 и 16.30 часот во салата „Debussy Hall“. Покрај официјалната премиера филмот ќе биде прикажан на маркетот на Канскиот филмски фестивал на 19 и 22 мај.

„Насоки“ е филмски проект во кој Република Македонија учествува со малцински финансиски удел и истиот е копродукција помеѓу Бугарија, Германија и Македонија. Копродуценти од нашата земја се Владимир Анастасов и Ангела Несторовска од продуцентската куќа „Сектор Филм“.

Во интерес на соодветна промоција на овој значаен успех, Агенцијата за Филм на Република Македонија во соработка со продуцентската куќа „Сектор Филм“ обезбедија рекламни објави во престижни списанија, во „Hollywood Reporter“ на 18 мај и „Screen International“ на 24 мај.

На годинашниот Филмски Маркет во склоп на Канскиот фестивал ќе се прикажат три најнови македонски долгометражни играни филмови и тоа:

Новиот филм на Теона Стругар Митевска „Кога денот немаше име“, со проекција на 19. мај со почеток во 17.30 часот во „Arcades 3“, организирана од Агенцијата за филм на Република Македонија во соработка со селс-агентот „Cercamon“ и продуцентската куќа „Сестри и Брат Митевски“;

Дебитантскиот филм на режисерот Ѓорче Ставревски „Тајната состојка“, со проекција на 23 мај, со почеток во 12 часот, во „Palais G“, организирана од Агенцијата за филм на Република Македонија во соработка со селс-агентот „Wide Management“ и продуцентската куќа „Фрагмент Филм“;

„Година на мајмунот“, најновиот филм на режисерот Владимир Блажевски, со проекција на 24 мај, со почеток во 10 часот, во „Palais E“, организирана од Агенцијата за филм на Република Македонија во соработка со продуцентската куќа „Панк Филм“.

Краткометражниот филм на Златко Калеников – „Железната приказна“ ќе биде презентиран во „Short Film Corner“ – програма организирана од страна на Канскиот Филмски Фестивал , а во која филмски професионалци од целиот свет имаат можност да ги претстават своите филмови и да се сретнат со колеги од останатите земји, учесници во програмата, да разменат искуства и знаења, но и да воспостават соработки.

Како и секоја така и оваа година, Агенцијата за филм на Република Македонија е дел од павилјонот на земјите од Југоисточна Европа и се претставува на филмскиот маркет кој се одржува во рамките на Канскиот филмски фестивал. Во текот на овие денови, Агенцијата ја промовира македонската кинематографија со најновата филмска продукција, Македонија како дестинација за снимање филмови каде што со правото на поврат на средства во износ од 20% треба да се привлечат странските продукции да снимаат филмови, можностите за копродукција, промоција на македонските филмски фестивали и други проекти од областа на филмската дејност, известија од Агенцијата за филм на Република Македонија.

Постојат кафе барови каде стои натпис дека немаат интернет па препорачуваат луѓето да си прават муабет како порано. 

повеќе

Заев рече дека не му се допаѓа како соседните земји реагирале на кризата во Македонија и власта во Србија ја нарече „националистичкото раководство на Вучиќ“, па во Белград предизвика епидемија од паѓања во несвест од изненаденост и навреденост. Хм, во што е точно проблемот?

повеќе

Луѓето се лутат што бизнисмените не реагирале или недоволно критикувале за лошите владини потези во минатото. Од нивна перспектива - веројатно со право.

повеќе