Краткиот филм „Шеќерни луѓе“ на фестивал во Франција

Краткометражниот игран филм „Шеќерни луѓе“ во режија на Сузана Диневски и во проудкција на „Сузи Кју продукција“ утре и во петок ќе биде прикажан во меѓународната селекција на 40-то издание на филмскиот фестивалот Tous Courts во Екс-ан-Прованс, Франција.

Веќе 40 години фестивалот е во потрага по филмови што го прикажуваат богатството и различноста на меѓународната продукција на кратки филмови. Целта на фестивалот е да им даде простор на креативноста и слободата, да ја зачува културната разновидност, да дозволи краткиот филм да се врати во кината, да придонесе за појава на нови таленти и да и даде на публиката уметничко задоволство во повторно откривање на богатствата на кратките филмови. Преку своите бројни програми, фестивалот прикажува повеќе од 200 филмови, како современи нови дела, но и од етаблирани автори. Постојано барајќи нови хоризонти, овогодинешното издание ветува уште еден збогатен и решителен нов состав.

 

Краткометражниот игран филм „Шеќерни луѓе ”, кој е реализиран со поддршка на Агенцијата за филм и „Сузи Кју продукција“, досега има освоено шест награди на различни меѓународни фестивали за краткометражни филмови и е во селекција на уште 16 меѓународни филмски фестивали во САД, Канада, Франција, Германија, Албанија, Италија, Парагвај, Турција, Романија и Аргентина.

Главните улоги ги играат Сара Климоска и Филип Трајковиќ, сценариото е на Владимир Јанковски и Сузана Диневски, директори на фотографија се Димитар Попов и Дејан Димески, монтажата е на Гоце Кралевски, дизајнер на постерот е Коста Лазаревски, трејлерот е изработен од Горан Вуќиќ, тонски дизајнер е Дарко Спасовски и музиката компонирана за филмот е на Дуке Бојаџиев. 

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе