Монодрамата „Кармен“ на Биљана Драгиќевиќ Пројковска, создадена по мотив од романот „Пет часа со Марио“ од Мигел Делибес, својата премиера ја имаше во мај 2021 година.
Режијата и драматизацијата се на Дејан Пројковски, сценографијата на Валентин Светозарев, сценските движења на Олга Панго, костимографијата на Раде Василев, а музиката на Горан Трајковски.
Актерката Биљана Драгиќевиќ Пројковска е член на жири-комисијата на 19то издание на Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби“. Останатите членови на жирито се актерот Ѓорѓи Јолевски и театарскиот режисер Деан Дамјановски.
Фестивалот на античка драма „Стоби“, се одржува од 17 септември до 1 октомври во НТ „Ј.Х.К. Џинот“ во Велес со богата официјална селекција, придружна програма и оф – програма на фестивалот.