„Кармен“ на Драмски театар во Велес на фестивалот „Стоби“

Драмски театар Скопје со монодрамата „Кармен“ ќе учествува на 19. издание на Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби“. Претставата ќе биде изведена во рамките на оф-програмата на фестивалот на 20ти октомври во 22 часот на сцената на НТ „Ј.Х.К. Џинот“, Велес.

Монодрамата „Кармен“ на Биљана Драгиќевиќ Пројковска, создадена по мотив од романот „Пет часа со Марио“ од Мигел Делибес, својата премиера ја имаше во мај 2021 година.

Режијата и драматизацијата се на Дејан Пројковски, сценографијата на Валентин Светозарев, сценските движења на Олга Панго, костимографијата на Раде Василев, а музиката на Горан Трајковски.

Актерката Биљана Драгиќевиќ Пројковска е член на жири-комисијата на 19то издание на Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби“. Останатите членови на жирито се актерот Ѓорѓи Јолевски и театарскиот режисер Деан Дамјановски.

Фестивалот на античка драма „Стоби“, се одржува од 17 септември до 1 октомври во НТ „Ј.Х.К. Џинот“ во Велес со богата официјална селекција, придружна програма и оф – програма на фестивалот. 

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе