Јулската програма на Кинотека со филмови од Синедејс

По годинешното летно издане на фестивалот на музички документарци Скопје синема сити, јулската програма на Кинотеката продолжува со проекции на филмовите од програмата на фестивалот на нов европски филм – Синедејс.

На репертоарот на Синедејс се неколку нови остварувања од европските кинематографии, како и четири наслови на еден од најзначајните автори на германската и европската кинематографија во овој век, Фатих Акин.

На работ од рајот (Auf Der Anderen Seite / The Edge Of Heaven), Од никаде (In The Fade / Aus Dem Nichts), Рез (The Cut) и Душевна кујна (Soul Kitchen) се насловите на овој мајстор на човековата драма кои скопската публика ќе може да ги види под отворено небо во летното кино.

Средната на јули е резервирана за новото издание на Фестивалот на електронска музика, визуелни уметности и нови медиуми – Десонанз.

Јулската програма на Кинотеката го содржи и уникатниот француски документарен филм Кадифеа кралица ( La panthère des neiges / Velvet Queen), снимен на Тибет, чии автори трагаат по реткото животно и смислата на денешниот живот, а на програмата е и кинеската акциона драма Планина на смртта (Feng bao / Cloudy Mountain).

Францускиот филм Титан (Titane) во режија на Жулија Дукурно (Julia Ducournau) е од оние наслови што не треба да се пропуштат. Победата на минатогодишниот кански фестивал, но многу повеќе контроверзите што ги предизвикува, го прават Титан филм што ги бранува духот и вкусовите на филмофилите.

Се помина добро (Tout s’est bien passé / Everything Went Fine) на Франсоа Озон (François Ozon) е уште еден нов бисер на актуелната француска кинематографија: семејната драма со ѕвездената актерска екипа предводена од Софи Марсо (Sophie Marceau) го третира контровезното прашање за евтаназијата како спас.

Австриско-германската копродукција Голема слобода (Große Freiheit / Great Freedom) на режисерот Себастијан Мајзе (Sebastian Meise) го осветлува криминализирањето на машката хомосексуалност во Германија долго век и половина, кое опстојувало во неколку дијаметрално различни општествено-идеолошки уредувања, од феудализмот преку нацизмот, до современата демократија.

Уште еден наградуван германски филм е на јулската програма. Станува збор за Фабијан (Fabian oder Der Gang vor die Hunde / Fabian: Going to the Dogs) во режија на Доминик Граф (Dominik Graf), чија сторија го осветлува Берлин во почетокот на 30-тите години од минатиот век.

Францускиот филм Париз – љубовна приказна (Les Olympiades, Paris 13e / Paris, 13th District) на режисерот Жак Одијар (Jacques Audiard) е необично црно-бело остварување за сексуалноста како бегство од сè она што го гуши модерното општество.

На таа критичка линија се наоѓа и Со среќа дупење или улаво порно (Babardeală cu bucluc sau porno balamuc / Bad Luck Banging or Loony Porn) на Раду Јуде (Radu Jude), па го повторуваме овој романски филм на репертоарот на Кинотеката. На јулската програма е и Меморија (Memoria), филм во режија на уникатниот тајландски автор Апичатпонг Верасетакул (Apichatpong Weerasethakul), кој раскажува мистериозна сторија за Шкотланѓанка во Колумбија.

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе