Изведен перформансот „Везилка– 100 години од раѓањето на Блаже Конески“

На сцената на Филхармонијата на Македонија синоќа беше изведен перформансот „Везилка– 100 години од раѓањето на Блаже Конески“ во режија и драматуршка интервенција на Зоја Бузалковска.

Перформансот „Везилка“ претставува посветен ракопис кој содржи драматуршки рекомпонирани стихови на основоположникот на македонскиот современ јазик и македонските траги во современата книжевност и култура Блаже Конески, делови од неговите прози, како и делови од разговорите со Цане Андреевски.

На сцената перформансот „Везилка“ беше поставен од музичката група Фолтин и автoрската екипа во состав: Трајанка Илиева Вељиќ – Таци, Ања Митиќ, Александар Степанулески, Никола Настоски, Ѓорѓе Јовановиќ и Зоја Бузалковска. За време на настанот беа прикажани и видео анимации со текстови од творештвото на Конески.

Претседателот Стево Пендаровски со сопругата присуствуваа на перформансот „Везилка – 100 години од раѓањето на Блаже Конески“.

Пендаровски е покровител на јубилејната стогодишнина од раѓањето на Блаже Конески и овој настан, освен што е дел од низата културни настани по повод Јубилејот – 30 години независна македонска држава, истиот е посветен на најважната фигура на современата македонска наука, книжевност и лингвистика.

Под заедничко име „Слоеви на современоста – 30 години независност низ уметностите“ во организација на кабинетот на претседателот преку низа културни настани се одбележува Јубилејот – 30 години независна македонска држава.

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе