Филмот „Исчезнатиот" на Арбен Тачи награден на фестивал во Швајцарија

Филмот „Исчезнатиот" на режисерот Арбен Тачи доби награда за најдобар странски филм на Интернационалниот фестивал во Швајцарија.

Филмот е финансиран од Агенцијата за филм на Македонија и со малцинско учество од Центарот за кинематографија на Косово и Националниот кинематографски центар на Албанија.

Директор на фотографија е Владимир Самоиловски, монтажата е на Благоја Неделковски и Шпетим Амети. Музиката за филмот е на Тримор Доми, дизајнот на звук е на Дарко Спасовски, сценографијата на Билгаип Кочишта, а костимите беа изработени од Албулена Боровци.

Арбен Тачи претходно ја доби наградата за најдобар дебитантски режисер на Фестивалот на независен филм во Монтреал, Канада. Тоа беше втора меѓународна награда за овој филм, по наградата за најдобра фотографија која му беше доделена на директорот на фотографија Владимир Самоиловски на Филмскиот фестивал во Анадолија.

По премиерата во јуни и по двете специјални проекции  на „Прифилм фест“ во Приштина и ТИФФ „Ода“ во Тетово, филмот „Исчезнатиот“ се натпреваруваше во официјалната програма на Меѓународниот филмски фестивал во Тирана, во категоријата албански филмови. 

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе