На 25. издание на фестивалот Денови на комедија ќе се изведат 12 претстави. Новина е што фестивалот од оваа година е со натпреварувачки карактер, па стручно жири ќе избира најдобра претства, актер, актерка, режија, сценографија и костимографија.
Фестивалот в среда ќе се отвори со претставата „Приватни животи“ на Градски театар од Винковци, Хрватска, а потоа следуваат Народен театар Штип со претставата „Власт“, стендап комедија на Кумановски актери, Народен театар „Војдан Чернодрински“ Прилеп со претставата „Да, инспекторе“, Атеље 212 Белград со „Славна Флоренс“, Народен театар Битола, со „Малиџано“, Театар Тетово „Малограѓанска свадба“, Театар „Импресарио“ од Белград, „Повикај го М поради уживање“, струмичкиот театар со претставата „Паника во хотел Палас“, Драмски театар од Ловеч, Бугарија, приштински народен театар со „Сомнително лице“, Велешкиот театар со претставата „Слуга на двајца господари“ и фестивалот ќе го затвори кумановскиот театар со „Секс и лаги“.
Наградата „Васил Иљовски“ за животно дело во областа на комедиографијата оваа година ја доби актерот Благоја Чоревски.