Фестивал Денови на комедија во Куманово, за четири часа продадени 4.000 билети

Од 28 септември во 14 октомври во Куманово ќе се одржи Меѓународниот теaтарски фестивал Денови на комедија. Годинава на фестивалот ќе настапат театри од Бугарија, Србија, Хрватска и Македонија. Вчера за само четири часа се продадоа 4.000 билети за фестивалот или околу 50 отсто од вкупниот број. Најголем интерес имаше за кумановската, српските и за хрватската претстава, кои се веќе распродадени.

На 25. издание на фестивалот Денови на комедија ќе се изведат 12 претстави. Новина е што фестивалот од оваа година е со натпреварувачки карактер, па стручно жири ќе избира најдобра претства, актер, актерка, режија, сценографија и костимографија.

Фестивалот в среда ќе се отвори со претставата „Приватни животи“ на Градски театар од Винковци, Хрватска, а потоа следуваат Народен театар Штип со претставата „Власт“, стендап комедија на Кумановски актери, Народен театар „Војдан Чернодрински“ Прилеп со претставата „Да, инспекторе“, Атеље 212 Белград со „Славна Флоренс“, Народен театар Битола, со „Малиџано“, Театар Тетово „Малограѓанска свадба“, Театар „Импресарио“ од Белград, „Повикај го М поради уживање“, струмичкиот театар со претставата „Паника во хотел Палас“, Драмски театар од Ловеч, Бугарија, приштински народен театар со „Сомнително лице“, Велешкиот театар со претставата „Слуга на двајца господари“ и фестивалот ќе го затвори кумановскиот театар со „Секс и лаги“.

Наградата „Васил Иљовски“ за животно дело во областа на комедиографијата оваа година ја доби актерот Благоја Чоревски.

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе