Претстави ќе се играат само на малата сцена

Драмски театар ќе изврши привремена санација на покривот

Драмски театар во Скопје информира дека поради протекувањето на покривот, ќе се обиде да изврши привремена санација на местата каде што протекува, а во меѓувреме театарот ќе продолжи со проби. Претстави ќе може да се играат само на малата сцена во театарот. 

„По темелна проверка на целокупната документација за санација на покривот направена во 2018 година и разговор и консултација со тогашниот технички директор, констатирано е следното: Заменета е целокупната покривна површина на теaтарот освен страничните ѕидови на кулата. Во договорот склучен со фирмата која е изведувач на санацијата на покривот, стои гарантен рок од 12 месеци“, соопштија од Драмскиот театар. 

Драмски театар Скопје информира дека ќе се обиде да изврши привремена санација на местата каде што протекува.

Сепак, како што се посочува во соопштението, за подолготрајно решение потребен е поголем градежен зафат со целосна реконструкција, а не санација, за што се потребни поголеми финансиски средства. 

„Додека не се заврши привремената санација театарот ќе продолжи со проби, а претстави ќе може да се играат само на малата сцена во театарот“, соопштија од театарот. 

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе