По две години „онлајн" презентации, деветтото издание на Денот на канадскиот филм организирано од REEL CANADA ќе опфати физички проекции на 600 локации во Канада и во повеќе од 35 земји низ светот, вклучувајќи ја и земјава.
Генералниот гувернер на Канада Мари Симон е почесен покровител на годинашното издание на Денот на канадскиот филм. Нејзиното официјално видео-обраќање ќе биде прикажувано пред секоја проекција оваа година.
Годинава во фокусот е „Славење на домородните гласови", во соработка со „имагинеНАТИВЕ Филм" и „Медиа Артс Фестивал". Се работи за филмови од режисери од индијанско потекло/корени – од разни нации ширум Канада.
Филм „Трчај, жено, трчај" е филм за Бек (Хеберт), самохрана мајка која ја изгубила страста за животот и нејзиниот мохаве јазик по смртта на нејзината мајка. Завршува во болница каде се буди од шеќерна кома и го сретнува духот на легендарниот „Маратонец на шест нации".
Проекцијата на филмот е во Кинотека, во 20 часот.