Бугарски филм со македонски актер кандидат за Оскар

Филмот „Во срцето на машината“ на режисерот Мартин Макариев во кој игра и познатиот македонски актер Игор Ангелов, е предлогот на комисијата за избор на бугарската номинација за учество на конкурсот за меѓународен игран филм на 95. доделување на наградите Оскар на Американската филмска академија, соопшти Националниот филмски центар на Бугарија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, со комисијата за избор на бугарски филм за Оскар претседаваше првата бугарска актерка номинирана за Оскар во американскиот филм „Борат 2“ во режија на Саша Барон Коен – Марија Бакалова.

Ангелов последниве години има успешна филмска кариера во Бугарија и е најпознатиот македонски актер во Бугарија. Игор Ангелов во публикацијата на бугарското издание на престижното кино списание „Космополитен“ беше дефиниран како „нежниот џин кој ги освои нашите срца“ што се однесува на бугарската филмска публика.

„Во срцето на машината“ на Макариев е бугарски трилер, награден со „Златна роза“ на познатиот филмски фестивал во Варна во 2021 година и добитник на наградата за најдобар филм на Софија филм фест во 2022 година. Неодамна, за дописникот на МИА од Софија, Ангелов коментираше дека е пријатно изненаден што преку своите улоги станал многу популарен во Бугарија и рече дека ова е признание за неговата работа. Игор Ангелов во Бугарија е познат и по улогата во македонската серија „Преспав“, каде еден од тимот сценаристи е познатиот бугарски писател Александар Попов. Во моментов познатата бугарска Нова ТВ го емитува филмот „Со река на срцето“ во кој ја игра македонскиот актер Игор Ангелов. 

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе