Актерката Каролина Пагани вечерва на „Битола Шекспир фестивал“

„Битола Шекспир фестивал" вечер продолжува со настап на актери од Италија кои пред публиката во Битола ќе се престават со две уметнички дела, монодрама и балет. Актерката Каролина Пагани ќе ја изведе монодрамата „Хамлетелиа", авторски проект за кој ги подготви текстот и режијата, но и сценографијата и костимографијата.

Актерката Пагани на „Битола Шекспир фестивал" ги претставува својот театар како и кино-театарот Барети. Нејзината монодрама ќе биде изведена на сцената од битолскиот Центар за култура. Вечерта со италијански уметници се комплетира на сцената „Благој Стефановски-Баге", со балетот „Ромео и Јулија, последните часови" подготвен од Ина Броек и Валтер Матеини, во кој ќе настапат осум уметници, посочија од НУ Народен театар-Битола, домаќин и организатор на фестивалот.

Најновото издание на „Битола Шекспир фестивал" завршува утревечер со настап на актерите од бугарскиот драмско-куклен театар „Иван Радоев" од Плевен кои ќе ја изведат претставата „Хамлет" на Вилијам Шекспир во режија на Ованес Торосјан.

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе