Театар и филм

Balkans Beyond Borders (BBB) ги повикува македонските млади режисери да ги пријават своите филмови на 11-то издание на фестивалот за кратки филмови Balkans Beyond Border, кој ќе биде одржан во Измир, Турција на тема contrUst: It is U who makes the difference.

29 Мај 2020 - 12:51

Филозофскиот филмски фестивал денеска во 11,30 часот ќе организира вебинар на тема „Ковид-19 и филмскиот сектор во Северна Македонија“, на кој ќе се отворат прашањата дали фестивалите треба да се откажат, одложат или да се изведат онлајн.

27 Мај 2020 - 07:18

На Јутјуб каналот на Драмски театар – Скопје денеска ќе биде прикажана претставата „Грев или шприцер“ од Сашко Насев.

22 Мај 2020 - 11:42

Кинотеката на својата веб-страница продолжи да „прикачува" дел од своите изданија со што тие се достапни за пошироката јавност, кинотечната публика и сите оние кои сакаат да дознаат нешто повеќе за домашната и странската кинематографија.

22 Мај 2020 - 11:36

Од денеска до 31 мај онлајн ќе се одржува 10. Филозофски филмски фестивал со наслов „Пролетни онлајн миграции" во организација на Филозофското друштво на Македонија, Кинотеката и македонската VoD платформа Cinesquare, со поддршка на gрад Скопје. Целосната програма на ФФФ со учество на домашни и странски гости ќе продолжи наесен.

21 Мај 2020 - 07:30

Вчера почина познатиот македонски телевизиски  и театарски режисер Богдан Поп Ѓорчев.

17 Мај 2020 - 20:40

На Јутјуб каналот на Драмскиот театар Скопје вечерва со почеток во 20 часот ќе се емитува преставата „Огнени јазици“ од Горан Стефановски во режија на Слободан Унковски, соопшти Драмскиот театар.

15 Мај 2020 - 07:49

НУ Театар Комедија секојдневно работи на што побрзо отворање на вратите за публиката. Постојано сме во тек со препораките на Комисијата за заразни болести, Владата и на Министерството за здравство, па така и ние постапуваме и ќе постапуваме во согласност со тековните препораки, соопшти управата на театарот.

11 Мај 2020 - 08:30

Филмските фестивали ДОК.фест Минхен (Минхен, Германија), ДоксБарселона (Шпанија), МакеДокс (Скопје, Северна Македонија) и ФИПАДОК (Биариц, Франција) формираа мрежа ФестДоксНетворк.

07 Мај 2020 - 11:10

Актерот и режисер Коле Ангеловски и костимографката Зорка Тодорова-Младеновиќ се годинашни добитници на наградата „Златен објектив“ за 2020, одлучи Управниот одбор на Кинотеката на Македонија.

29 Април 2020 - 20:58

Екранизацијата на „Зоки Поки" со нетрпение ја очекуваат и децата и возрасните, а по новообјавениот трејлер, дефинитивно има зошто.

28 Април 2020 - 16:09

Танцот датира од почетокот на праисторијата и е наменет да се умилостиват боговите, да подарат подобро време и доволно храна. Грчкиот театар се појавува 500 години п.н.е. со  „Дитираме“ кој се состои од песни и танци. Во Рим, 20 години п.н.е. се прикажуваат пантомимски претстави во соло изведби, кои со помош на музика, костими, маски претставуваат цели трагедии или митови, се вели во македонската порака по повод Меѓународниот ден на Танцот - 29 април, која ја пренесе Александар Хаџиманов, балетски педагог и солист на балетот, МОБ Скопје.

27 Април 2020 - 20:06

Документарниот филм „Медена земја“ утре (18 април) ќе ја има својата светска ТВ-премиера на телевизија „Телма“. Првото и ексклузивно телевизиско прикажување на најуспешниот македонски документарец ќе биде со почеток во 19.20 часот.

17 Април 2020 - 06:16

Долгоочекуваната ТВ серија „Зоки Поки“ почнува со емитување во понеделник, 4 мај на Македонската радио телевизија. Десетте епизоди ќе се емитуваат секој понеделник и четврток во 20:15 часот на првата програма, со репризи наредниот ден и во сабота и недела. По емитувањето на МРТ, наредниот ден, епизодите ќе се поставуваат и на веб-страницата и на официјалниот Јутјуб канал.

10 Април 2020 - 09:35

На денешен ден (25 март 1990), со претставата „Чудовиштата од нашиот град“, почнa со работа единствениот специјализиран професионален театар посветен на детската театарска продукција.

25 Март 2020 - 12:15

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе