Супериорни оценки за поезијата на Јовица Тасевски-Етернијан

Критички осврт со супериорни оценки за поезијата на Јовица Тасевски – Етернијан неодамна беше објавен во реномираното индиско списание „Болоџи“.

На почетокот на освртот д-р Шаменаз Шеик, доктор на науки по англиска книжевност од Универзитетот на Алахабад, го истакнува фактот дека поезијата на Етернијан е призната на меѓународно ниво заради неговиот поетски гениј и дека е вреднувана со наградата „Восхитувачки поет“ за исклучителен придонес во современата поезија.

Понатаму во текстот, авторката нагласува дека песните на Етернијан се исклучително мистични, исполнети со метафизичка симболика и со митолошки и библиски мотиви, воспоставуваат интертекстуални релации на имплицитен и експлицитен начин и дека имаат слични карактеристики како поетските остварувања на великаните на англиската книжевност, Џон Милтон и Т. С. Елиот, чија поезија исто така е мистична и филозофска. Освен ова, д-р Шаменаз Шеик наведува дека во поезијата на Етернијан се присутни впечатливи трансцендентални слики и дека нејзината спиритуална и митска страна се целосно слеани. 

На крајот на освртот, авторката заклучува дека пристапот на Ј. Т. Етернијан кон пишувањето поезија е многу креативен, сложен, интелектуален и духовен, како и дека во неговите песни може да се најдат длабочина и целосност какви што ретко се сретнуваат денес и затоа неговата книга со избрани песни преведени на англиски јазик претставува вистински подарок за сите читатели од англиското јазично подрачје.

Јовица Тасевски-Етернијан е автор на шест поетски и две критичко-есеистички книги. Неговата поезија е преведена на петнаесетина јазици и објавена е во списанија и антологии во над дваесет држави.

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе