Стрип книжарницата „Бункер“ на 20 мај, за прв пат кај нас, организира Ден на бесплатни стрипови!

Оваа манифестација започна во Соединетите Американски Држави во 2002 година, а потоа се прошири и во многу други земји. Во првите 6 години поделени се повеќе од 12 милиони бесплатни стрипови во над 30 земји. Целта е промовирање и ширење на стрип-културата, велат од „Бункер“.

„Кај нас за оваа прилика обезбедивме над 130 стрипови, кои ќе бидат делени по принципот прв дојден, прв услужен. Секој посетител ќе има право да земе најмногу два стрипа од претходно направената листа“, потенцираат од „Бункер“.

Покрај бесплатните стрипови стрип книжарницата „Бункер“ ќе понуди и многу други пропратни попусти и акции. Почетокот на настанот е во 10 часот на 20 мај (сабота) 2017 година.

Дали Борисов ќе го негира својот претходник, поранешниот премиер, генерал Рачо Петров и ќе продолжи да инсистира на заедничка историја која официјална Бугарија упорно настојува да ни ја подметне.

повеќе

Не треба да паднеме во замката која не втурнува во спиралата на континуирано себепоништување.

повеќе

Инвестицијата за изградба на автопатиштата Штип-Миладиновци и Кичево-Охрид повеќе личи на наш подарок за Кинезите, отколку на вистинска инвестиција.

повеќе