Пред промената во Министерството за култура

Стефоска подготвила извештај за отчетност, културата е многу важна за мала земја

Министерката за култура во заминување Ирена Стефоска вели дека не е разговарано со неа во смисла на конкретни причини зошто не би требало да ја задржи функцијата, ниту за тоа што е сработено под нејзино раководење со министерството, но нагласува дека сепак подготвила извештај за отчетност кој ќе остане во архивата на Владата. За мала земја како Македонија културата е многу важен дел, нагласи Стефоска.

Стефоска вели дека имала разговор со мандатарот и за прашањето зошто е важна културата и додава дека е негово правото кого поставува на министерски функции. Нагласила дека е треба да се вложува во луѓе.

„Луѓето се нашиот најголем ресурс во една мала земја. Толку колку што вредат луѓето толку вредат институциите. Без силни институции, нема држава, институции во кои владее право, процедури. Мора прво да се среди куќата која ги сервисира сите културни работници и институции, Министерството е капата, изјави Стефоска во гостувањето на интернет емисијата „Утрински брифинг“.

Министерката нагласи дека културата е клучен ресурс и за внатрешните работи во земјата таа е исклучително важна, но и како извозен продукт на мала земја која има со што да се гордее.

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе