Спуштена завесата на „Охридско лето“

Со Чеховата „Вујко Вања" во изведба на Југословенскиот народен театар од Белград, Србија, синоќа на сцената на Античкиот театар веше спуштена завесата на 62-то издание на фестивалот „Охридско лето".

Изминатите четириесет фестивалски денови во Охрид, според директорката на националната установа "Охридско лето", Наташа Поповиќ, се празнуваше врвната уметност во областа на класичната музика и театарот.

„Уметноста, естетското доживување на врвните концерти и театарски претстави на автентичните локалитети, Античкиот театар, црквата Св. Софија, предворјето на Св. Софија, Долни Сарај, кои ги понудивме на 62-то фестивалско издание се сведоштво дека силата на музиката и театарот го обединува светот, го променува и внесува убавина во него. Бевме пример како треба да се реализира врвна манифестација притоа почитувајќи ја традицијата и влогот на многу генерации пред нас“, рече Поповиќ на свеченото затворање на фестивалот.

Според традицијата „Охридско лето" беше затворено со гасење на фестивалскиот факел кој светеше изминатите фестивалски вечери и спектакуларен огномет.

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе