Скопски градски фестивал во Домот на Армијата

Второто издание на Скопскиот Градски Фестивал ќе се одржи денеска во Домот на Армијата, наместо во Градскиот парк поради временските услови, во организација на Баги Комуникации, а со промоција на својот нов албум насловен „Fragments“ ќе настапи македонската група Зулу 3.4.

Зулу 3.4 е инструментален бенд од Скопје, основан во март 2018 година од тројца млади љубители на џезот, чија цел беше да создадат уникатен звук преку спојување различни стилови и да внесат свежина на македонската музичка сцена.

За годинава се најавени и настапите на словенечко-српското дуо со македонски корени Атанасовски-Хаџиманов дуо и грчкиот виртуоз на хармоника со неговата група Thanos Stavridis & drom.

Васко Атанасовски е водечки словенечки и европски саксофонист, а Васил Хаџиманов е најдобриот светски џез-пијанист на електрично пијано. Танос Ставридис e водечки грчки музичар, факултетски професор и еден од најдобрите европски инструменталисти на хармоника. Тој ќе го промовира својот нов албум „Spicey Margarita“, прогласен за еден од најдобрите европски World music албуми во 2021 година.

Фестивалот е поддржан од Министерство за култура и Град Скопје, а влезот за публиката ќе биде бесплатен и возможен само со потврда за целосна вакцинација (со две дози).

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе