Во чест на 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески

Прва зимска школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура

Од 25 јануари до 5 февруари 2021 онлајн ќе се одржува првата Зимска школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура (МСМЈЛК) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, со што ќе почне прославата на големиот јубилеј – 100 години од раѓањето на Конески.

Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура наведува дека е една од релевантните институции што се дел од националната платформа за одбележување на јубилејот, а целта на платформата, иницирана од министерствата за култура и за образование и наука, е да се усогласат сите проекти и настани предвидени на национално и на меѓународно ниво во чест на 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески (1921-1993).

Првата зимска школа ќе се одвива секој ден по четири часа и со вкупен фонд од 40 часа, а ќе учествуваат 52 учесници од 16 земји – Босна и Херцеговина, Велика Британија, Грција, Италија, Канада, Косово, Полска, Руска Федерација, Соединети Американски Држави, Словенија, Србија, Турција, Унгарија, Франција, Хрватска и Чешка.  За наставата се ангажирани се лектори (предавачи и професори) со долгогодишно искуство.

„Организирани се лекторски групи за сите нивоа (почетно, средно и напреднато и тоа напреднатото ги има и своите поднивоа, за јазик, литература и преведување). За своето учество посетувачите на зимската школа ќе добијат и уверение со што тие имаат можност да влезат во самата историја како први учесници на една ваква зимска школа на меѓународниот семинар“, соопшти МСМЈЛК.

Организаторот  најави дека на отворањето на првата зимска школа пригодни видеообраќања ќе имаат претседателот Стево Пендаровски, министерката за образование и наука Мила Царовска,  ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Никола Јанкуловски и директорката на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, Весна Мојсова-Чепишевска.

 

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе