Промовирана книгата „Регионално-безбедносни пактови во југоисточна Европа меѓу двете светски војни“ на Иванка Василевска

Денеска во Порта Македонија се одржа промоција на книгата „Регионално-безбедносни пактови во југоисточна Европа меѓу двете светски војни“ на професорката Иванка Василевска. Станува збор за значајно дело за политиката, дипломатијата и геополитиката кое би можело да послужи како учебник за идните македонски дипломати, рече еден од промоторите, Тони Менкиноски, адвокат и застапник на Македонците од Бугарија пред Судот за човекови права во Стразбур, како еден од промоторите на книгата.

Промотори на книгата беа и Далибор Јовановски од Институтот за национална историја при Филозофскиот факултет во Скопје и Aлександар Јордановски.

Иванка Василевска преку своето дело го обработува македонското прашање меѓу двете светски војни низ призмата на геополитиката, преку европските и балканските сојузи.

На промоцијата беа присутни голем број значајни македонски општественици и политичари. Меѓу нив беа Билјана Ванковска, Ефтим Клетников, Гордана Силјановска-Давкова, Христијан Мицковски, Тони Михајловски, Наташа Котлар, Ивица Боцевски... Меѓу присутните беа и претставниците на македонските организации од Република Грција и Република Бугарија, Виножито и ОМО Илинден-Пирин.

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе