Во Бигорскиот манастир

Промовирана книгата „Епископ Партениј, Игумен Бигорски, 25 години монах и свештенослужител“

Во Бигорскиот манастир беше промовирано новото книжевно издание на Свештената бигорска обител „Епископ Партениј, 25 години монах и свештенослужител“, а на промоцијата присуствуваа монасите, монахињите од Рајчица и Пречиста и затекнати верници, а не беа во можност да присуствуваат најавените гости, меѓу кои архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан, промоторот на книгата, епископот хераклејски г. Климент, членови од Светиот Синод на МПЦ-ОА, претседателот на МАНУ и други гости.

Монах од братството го прочитал промотивно слово на промоторот на книгата, епископот хераклејски и игумен на светиот Зрзески манастир, г. Климент, како и писмото од архиепископот г. г. Стефан, упатено владиката Партениј, по повод неговиот 50-ти роденден и 25-годишната монашка и свештеничка служба, објави МИА.

Оваа година освен што е еден милениум од основањето на Бигорската свештена обител, истовремено е и 50 години од раѓањето на актуелниот бигорски игумен епископот антаниски г. Партениј и 25 години од неговото замонашување. Така, бигорската манастирска хроника одбележува три јубилеи.

„Празнувањата во Бигорскиот манастир продолжуваат и понатаму, па, еве, денес ви го претставуваме оваа впечатливо дело, замислено како роденденски јубилеен подарок на бигорското братство до својот духовен отец. Самата книга претставува своевиден биографски приказ на животот и 25-годишното делување на игуменот на Бигорскиот манастир, епископот г. Партениј Антаниски, како во црковната, така и во општествено-социјалната и културната сфера на нашата земја“, наведува промоторот на книгата г. Климент.

Според него, вредноста на книгата „Епископ Партениј, Игумен Бигорски, 25 години монах и свештенослужител“ е повеќеслојна и може да биде согледувана од повеќе аспекти и во неа се наведени резултатите од неговото делување во реканскиот крај, посведочени низ фотографии и текст. Од материјалното обновување на манастирот свети Јован Бигорски, Раичкиот метох, но и метосите и скитовите што гравитираат околу манастирот, до обновата на монашкиот живот во истите, како и во манастирите Пречиста Кичевска и Кнежино, возобновувањето на монашките послушанија во овие братства и сестринства, милозвучното источно пеење, грижата за велелепието во богослуженијата, обновата на потиснатите од заборавот традиционални вештини и манастирски техники, па сè до згрижувањето на зависниците и нивна ресоцијализација во општеството.

 

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе