Промоција на учебникот „Играта и учењето – нови концепти во раното учење“

Во Клубот на пратеници денеска ќе биде промовиран учебникот „Играта и учењето – нови концепти во раното учење" од Лена Дамовска, во издание на „Просветно дело".

Изданието ќе го промовира професорката Флорина Шеху, а најавено е и обраќање на министерката за образование и наука Мила Царовска.

Како што соопшти уредникот во „Просветно дело“, Ана Иванова, овој учебник третира низа суштински и актуелни прашања поврзани со новите парадигми во педагогијата на 21 век.

Според авторката на учебникот, тие се базирани на теоретските поставки на иновативната, партиципативната, рефлективната и критичката педагогија во однос на учењето и развојот на децата од предучилишна и рана училишна возраст. Тоа се појдовните основи за нови и посакувани промени во воспитно-образовната теорија и практика, каде што играта претставува моќна стратегија во процесот на раното учење кај децата. 

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе