Проект на ИКОМОС, мониторинг на преку 250 православни културни добра

Проектот ,,Мониторинг на православното културно наследство“ спроведуван од страна на ИКОМОС Македонија, во соработка со Македонската православна црква – Охридска архиепископија, а со финансиска поддршка од Амбасадата на САД влезе во второто тромесечје од својата имплементација.

Во текот на првите три месеци (мај, јуни и јули) откако започна проектот, извршен е мониторинг на состојбата на вкупно 253 православни сакрални објекти (цркви и манастири) од осум епархии на МПЦ-ОА кои се наоѓаат на територијата на Македонија. Во Скопската и во Повардарската епархија, извршен е увид на вкупно 48 православни добра, во Дебарско-кичевската епрахија на 71, во Преспанско – пелагониската епархија извршен е увид на 46 православни објекти, во Тетовско – гостиварската и во Кумановско – осоговската епархија на 50, а во Струмичката и во Брегалничката епархија извршен е увид на состојбата на 38 православни објекти.

Мониторингот на состојбата, спроведуван од страна на пет стручни тимови од ИКОМОС Македонија, се одвива континуирано и непречено во текот на летните месеци, благодарение и на добрата соработка со надлежните лица од епархиите на МПЦ – ОА и со локалното население во посетените општини.

Во рамките на овој двогодишен проект, предвидено е да биде направин увид на состојбата на вкупно 700 православни сакрални објекти, кој ќе послужи за изработка на специјализирана база на податоци која ќе биде достапна за јавноста, и за давање препораки за превентивни и заштитни конзерваторски интервенции за невижното православно културно наследство.

Специјализираната база на податоци ќе биде достапна онлајн и ќе содржи информации во однос на опфатените православни објекти како: основни податоци за црквата/манастирот, опис, состојба, претходни интервенции на доброто, зачуваност на изворната состојба/автентичност и интегритет и препораки за заштитни интервенции, кои ќе му користат на секој познавач или љубител на православното културно наследство. Истата планирано е да биде ставена во употреба на есен.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе