Почина писателот Разме Кумбаровски

Како последица на заразата од ковид-19 синоќа почина писателот Разме Кумбаровски, поет, романсиер, есеист, критичар, преведувач, антологичар, информира Друштвото на пистатели (ДПМ).

Кумбаровски е роден на 29 март 1944 година во Струга, а член на ДПМ е од 1987 година. Автор е на збирките поезија: Зинда (1982), Воден премин (1984), Мусандра (1988), Манастир (1994), Троја  (1998), Потковица и зла месечина (2003), Сон на летната ноќ (2007) и Стаклена планина (2013), на романите: Мириси кораби злато (1999), Чудесија (2002), Остров на тивките меандри (2006), Архипелаг (2010), како и на есеистичко-критичките книги: Минатата година во Енхалон (2011), По патот (2007, библиографско издание, песни и есеи). Автор е или коавтор на панорамските избори: Поетите од Струга (2002, избор, поезија – СВП), Миладиновци, (2005), Меандар (2013).

Кумбаровски бил секретар и директор на светски познатата манифестација Струшки вечери на поезијата, основач и директор на Медитеранската Академија „Браќа Миладиновци“- Струга и на Меѓународната литературна манифестација Година на есејот.

Погребот ќе се изврши во сабота, 13 ноември, во кругот на најблиското семејство.  

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе