Во периодот од 18 јуни до 3 јули 2022 година на креативното гумно во селото Слоештица престојуваат и творат шестмина уметници - Памела Тол од САД, Беате Куне од Германија и Синиша Новески, Јасмина Главинче, Владимир Симоновски и Сандра Котевска од Македонија.
Фокусот на колонијата годинава е во знакот на уметноста и природата, односно како уметноста може да ја промовира природата којашто сама по себе е најсовршениот уметник.
„Преку творечки дијалог и со иновативни уметнички реализации во различни медиуми, од коишто дел се инспирирани од локалната традиција, уметниците создадоа дела што предизвикуваат восхит“, соопшти „Арт Поинт – Гумно“.
Инкау, проектот е делумно поддржан од Министерството за култура.