Опера и балет

Заради големиот интерес на публиката за мјузиклот „Тајно моја“ во чест на Тоше Проески, Македонската опера и балет извести дека претставата ќе биде повторно на репертоарот на 19, 20 и 21 април 2017 година. Во негова чест, и во име на хуманоста што го красеше, Македонската опера и балет овој месец ги отвора своите врати, овозможувајќи им на одредени категории на граѓани бесплатно да уживаат во изведбите на мјузиклот „Тајно моја“.

14 Април 2017 - 19:32

Најпознатата македонска оперска певица во светот, сопранот Ана Дурловски изминатиот и овој месец со огромен успех ја толкуваше улогата на Гиневра во операта „Ариоданте“ од Хендл, во продукција на операта од Штутгард, известија од Македонската опера и балет.

12 Април 2017 - 19:00

Спектакуларната продукција на епската кинеска бајка „Турандот“ на еден од најславните и најбарани оперски режисери на денешницата, Џанкарло дел Монако, што беше дел од минатогодишните „Мајски оперски вечери“, повторно се враќа на сцената на МОБ.

11 Април 2017 - 16:00

Драмата „Марија Калас - Час“ е напишана од американскиот писател Теренс Мекнели во 1995 година и обработува фиктивен мастерклас на познатата оперска пејачка Марија Калас, пред крајот на нејзиниот живот. Во претставата е користена музика на Џузепе Верди, Џакомо Пучини и Винченцо Белини. Драмата за првпат е изведена на Бродвеј во 1995 година со ѕвездите Зое Колдвел и Одра Мекдоналд.

06 Април 2017 - 18:12

Премиерата на „Балетска вечер на Бурнонвил“, ретроспектива за творештвото на еден од најпознатите светски кореографи Аугуст Бурнонвил, во Македонската опера и балет ќе се одржи на 5 април, во 20 часот.

05 Април 2017 - 11:18

Во периодот од 27 февруари до 2 март 2017 година, кореографот и педагог Исидора Станишиќ гостува на катедрата за балетска педагогија – отсек современ танц при Факултетот за музичка уметност - Скопје, каде работи со студентите на нови композиции и техники за современ танц, кои ќе бидат презентирани на 2 март, од 15 до 17 часот, во Големата сала на МОБ.

01 Март 2017 - 18:57

Македонската опера и балет информира дека на 9 март (четврток), ќе се одржи балетскиот спектакл „Клеопатра“, а на 10 март (петок) ќе биде изведена сценската кантата „Кармина бурана“. Премиерата и репризата на мјузиклот „Тајно моја“ во чест на Тоше Проески, кои беа закажани за 10 и 21 март се презакажуваат за 24 (петок) и 26 март (недела), а се закажува и трета претстава на 28 март 2017 година.

01 Март 2017 - 15:33

Во реновираниот салон на Македонската опера и балет на 11 февруари, во 20 часот ќе се одржи нова репертоарна изведба на популарната опера буфо, „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини.

10 Февруари 2017 - 12:48

Во Македонската опера и балет веќе е позната екипата на мјузиклот „Тајно моја“, кој се поставува во чест на Тоше Проески, и веќе почнаа читачки проби со режисерот Тони Михајловски, а главните улоги ќе ги толкуваат младите таленти Антонија Гиговска и Денис Димоски.

06 Февруари 2017 - 20:12

Македонската опера и балет продолжува со востановената практика за едукација на најмладата популација преку т.н. Детски викенд. Во викендот сабота и недела (4 и 5 февруари 2017 г.) на Малата сцена во МОБ ќе се изведе новата детска претстава „Операта на шумските животни“. Ќе бидат изведени по две претстави од истиот наслов во два термини, од 12 и од 13.30 часот и во сабота и во недела.

03 Февруари 2017 - 18:54

Во Македонската опера и балет на 3 февруари (петок), со почеток во 20 часот, најпознатиот македонски тенор, Благој Нацоски, за првпат во Македонија, ќе го изведе циклусот од 24 песни „Зимско патување“ од Франц Шуберт.

03 Февруари 2017 - 10:46

Македонската опера и балет на 18 јануари (среда) ќе го изведе популарното оперско дело „Дон Џовани“ на големиот Волфганг Амадеус Моцарт. Во најновата изведба на делото диригент ќе биде маестро Џанлука Мартиненги од Италија, шеф-диригент во Македонската опера и балет за оваа сезона.

16 Јануари 2017 - 11:42

Македонската опера и балет и по Новогодишните празници на својот репертоар ќе продолжи со поставување на претстави за деца, во т.н. детски викенд секој месец, од кои најмладата популација ќе може да се едуцира и да го почувствува амбиентот на театарот.

09 Јануари 2017 - 13:42

Кореографката и балерина Искра Шукарова, како една од основачите на современиот танц во Р. Македонија и професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во последните 20 години е поддржана од страна на бројни организации од САД. Како кореограф таа има настапувано на сцени во Њујорк, како театарот DTW, Dixon's Place, и има соработувано со бројни реномирани уметници од њујоркшката сцена.

05 Јануари 2017 - 14:04

Македонската опера и балет го најави Новогодишниот концерт со наслов „Руска бајка“, кој ќе се одржи во реновираниот Салон на МОБ на 1 јануари (недела) 2017 година.

30 Декември 2016 - 13:13

Не верувам дека Суперкупот нема да се одржи во Скопје. Ако намерата беше таква, досега УЕФА тоа одамна ќе го стореше. 

повеќе

Помина 22 јуни во уште едно потсетување, дека пред 16 години во 4,30 часот почна битката за Арачиново во која загинаа тројца припадници на македонските полициски сили.

повеќе

И во Турција, како и во Иран и Романија народот постојано ќе го поставува истото прашање: дали средствата потрошени за глорификација на власта можеа да бидат употребени за искоренување на сиромаштијата.

повеќе