Во НОБ денеска и утре балетската претстава „Ана Каренина"

Во Националната опера и балет денеска и утре ќе се изведе „Ана Каренина", балетска претстава во два чина со одбрана музика од рускиот композитор Петар Илиќ Чајковски.

Кореографијата е на Лео Мујиќ од Хрватска, сценографијата е на Александар Ношпал.

„Во повеќе од два часа, балетските уметници на Националната опера и балет, на чело со впечатливиот, емотивниот до исцрпување танц и инспиративните движења на Мими Поп Алексова Атанасовска како Ана Каренина, Никола Хаџитанев (Бугарија) како Вронски, Емил Јорданов (Бугарија) како гроф Каренин, ќе ги пренесат сите емоции кои го означуваат ова дело: љубов, страст, омраза, лутина, гнев, љубомора, тага, мајчинска болка“, велат од НОБ.

Како дел од балетската претстава настапуваат истакнати солисти, солисти и целиот балетски ансамбл на Националната опера и балет.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе