Вечерва „Турандот" во Националната опера и балет

Во Националната опера и балет вечерва ќе биде изведена операта „Турандот" од Џакомо Пучини. Претставата се изведува во рамки на 50. јубилејно издание на фестивалот „Мајски оперски вечери".

Диригент е гостинот од Италија, Даниеле Аџиман, познат на меѓународно ниво, диригирал со повеќе од 90 различни оркестри во Кореја, Јапонија, Аргентина, Јужна Африка, Франција, Германија, Австрија, Романија, Грузија, Русија и многу други. Режијата, сценографијата и костимографијата се на Џанкарло дел Монако, додека под кореографијата се потпишува Саша Евтимова, концерт мајстор: Јане Бакевски, хор мајстор: Јасмина Ѓорѓеска.

Во главната улога ќе настапи Ханиинг Цо-Петанај од Тајван. Таа е првиот кинески сопран, добитник на националната стипендија за соло пејачи од „Театро ала Скала" и таму има солистички ангажман како првата кинеска Принцеза-Турандот во истоимената опера на фестивалот „Пучини" во Торе дел Лаго. Добитничка е на многубројни престижни награди. Во улогата на Калаф ќе настапи гостинот од Бугарија, Иван Момиров. Критичарите го признаваат неговиот талент заради длабокото проникнување во улогите што ги толкува, полниот тон и јасната дикција. Во досегашната кариера остварил над 30 главни ролји и соработувал со светски реномирани диригенти. Во улогата на Лиу ќе настапи нашиот сопран Злата Тошевска, во улогата на Тимур, првенецот Игор Дурловски. Во улогите на Пинг, Панг, Понг: Драган Ампов, Јане Дунимаглоски, Дејан Стоев. Мандарин: Диме Петров, Алтоум: Мирослав Антовски. Хорот, оркестарот и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.

„Турандот" е опера во три чина од Џакомо Пучини. Напишана е по либретото на Џузепе Адами и Ренато Симони, а базирана на адаптацијата на Фридрих Шилер на драмата „Турандот" од Карло Гоци. Пучини умира не довршувајќи ја операта, којашто подоцна е завршена од Франко Алфано. Одликувајќи се со „невообичаен" музички материјал, во кој предничи иновативната употреба на хорот и оркестарот, стилот на Пучини во ова оперско дело е особено препознатлив во широките, експресивни мелодии. 

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе