ТАНЦОВА УНИЈА

Рисима Рисимкин е избрана за член на Бордот на Танцовата унија помеѓу НР Кина и земјите на централна и југоисточна Европа

Во рамките на фестивалот „One Dance Week“ во Пловдив, Бугарија, се одржа првиот состанок на Танцовата унија, асоцијација на уметници помеѓу Народна Република Кина и земјите на централна и југоисточна Европа.

Иницијативата за создавање на Унијата започна во мај 2016 година, на Артфорумот кој се одржа во Пекинг, кој го организираше Министерството за култура на НР Кина и на кој учестуваа шеснаесет земји од централна и југоисточна Европа: Латвија, Литванија, Естонија, Полска, Словачка, Чешка, Унгарија, Србија, Словенија, Хрватска, Македонија, Бугарија, Албанија, Романија, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Сите земји и нивни претставници потпишаа меморандум за основање на Танцовата унија. Културниот центар „Интерарт“ беше потписник од Македонија.

Состанокот во Пловдив, беше конституитивен состанок, на кој се избра Бордот на Танцовата унија и се изгласаа правилата за работа и прием на нови членови. На состанокот присуствуваше заменикот министер за култура на Бугарија, кој специјално за таа прилика пристигна во Пловдив, а беше и презентирана работата на проекотот „Пловдив - Европска културна претстолнина 2019“.

Танцова унија, Пекинг, мај 2016 година

Танцувата унија има за цел да овозможи поголема и побрза размена на информации помеѓу земјите учеснички, да овозможи развој на нови проекти на повеќе нивоа, како продукции, презентации и едукација во областа на танцот. Танцовата унија веќе го усвои планот и приоритетите за следните три години за работа, како и можноста за учество со проекти во „Пловдив - Европска културна престолнина 2019 година“. Рисима Рисимкин активно учествува во работата на Танцовата унија, таа го модерираше конститутивниот состанок во Пловдив и е избрана за член на Бордот на Танцовата унија.

Рисима Рисимкин потпишува меморандум за соработка во Пекинг

Веќе неколку години, на покана на Министерството за култура на НР Кина, Рисимкин е активна во комуникацијата со уметници од Кина, таа работи на различни проекти, во Кина и Европа во кои се вклучени уметници од областа на танцот, но и изведувачките уметности.

Артфорум во Гуанџо, Кина

Од 2 до 4 септември, годинава, на покана на Оперската куќа во Гуанџо (проект на извонредната Заха Хадид), Рисимкин беше специјален гостин на Форумот за изведувачки уматности во Гуанџо, каде имаше свое обраќање, повеќе средби со врвни уметници и договори за идни проекти, известија од „Интерарт“.

Веројатно е најдобро претседателот Иванов да не го дава мандатот додека не се даде на увид законот за употреба на албанскиот јазик и другите планови на новата коалиција

повеќе

Изразено ниската вредност на вложување во науката и истражувањата во Македонија е јасен знак за отсуство на грижа на државата за овие суштински дејности. 

повеќе

Последните 11 години Македонија е окована во аграрен, ксенофобичен и социо-економски популизам, кој не се однесува на интересите и потребите на граѓаните, туку на оние кои се повинуваат на волјата на елитата.

повеќе