ТАНЦ И КОРЕОГРАФИЈА

Проектот „Ситуации“ го истражува танцот како медиум за развивање на имагинацијата

Во организација на „Локомотива“ – Центар за нови инцијативи во уметноста и културата, од 9 до 11 октомври во „Кино Култура“, се реализира проектната активност „Ситуации 2016“.

Проектот „Ситуации“ е формат развиен и замислен од страна на Гизела Милер (член на одборот на директори во „Танцфабрик“, Берлин), Драгана Алфиревиц (координатор на НОМАД Танц Академија - Словенија) и Биљана Тануровска Ќулавковски (директор на „Локомотива“, Скопје) со цел да помогне во развојот на нови формати за разбирање на танцот и улогата на кореографија денес.

„Ситуации“ истражува како танцот може да биде инклузивен, да поканува и повикува на учество, без компромитирање на неговиот филозофски и естетски потенцијал, и да биде помалку дел од практиката на изведување/играње - гледање.

Во „Кино Култура“ во рамки на „Ситуации“ од 9 до 11 октомври ќе се истражуваат начините да се биде заедно, да се формира заедница. Ќе се користи танцот, движењето, имагинацијата и ќе се споделуваат спомени, приказни, емоции за да разбереме нешто повеќе за нашето општество, заедницата и самите нас.

 

Проектот се реализира во соработка со програмата за современ танц и движење „Култрениг“, развиена и водена од Сабрина Железник, Климент Попоски и Елена Ристеска, како дел од програмата на „Кино Култура - Заедно“ - наменета за развој на заедницата.

„Ситуации“ е дел од европскиот проект „Life Long Burning“ и мрежата Номад Танц Академија претставувана преку „Локомотива“ – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата. Реализацијата на проектот е поддржана од програмата за „Култура“ на ЕУ, „Кооператива“ – регионална платформа за култура, и ЕЕПАП – Источно-европска платформа за перформативни уметности, извести Виолета Качакова, проект-менаџер во „Локомотива“.

Дали Борисов ќе го негира својот претходник, поранешниот премиер, генерал Рачо Петров и ќе продолжи да инсистира на заедничка историја која официјална Бугарија упорно настојува да ни ја подметне.

повеќе

Не треба да паднеме во замката која не втурнува во спиралата на континуирано себепоништување.

повеќе

Инвестицијата за изградба на автопатиштата Штип-Миладиновци и Кичево-Охрид повеќе личи на наш подарок за Кинезите, отколку на вистинска инвестиција.

повеќе