Предавање во МСУ на професор Владимир Јанковиќ од Универзитетот во Манчестер

 Во рамки на Интердисциплинарната програма „Без/редие во светот на уметноста“, вечер, во 19 часот, во Музејот на современата уметност – Скопје, со физичко присуство предавање ќе одржи Владимир Јанковиќ, професор по Хуманистички науки на Универзитетот во Манчестер, Велика Британија.

Од Музејот на современата уметност информираат дека предавањето насловено како „Синтетички неба: спектакл, опскурност и естетското постоење на трагите“ ги проучува кондензирачките линии на небото направени од авионите, кои предизвикуваат еколошка контроверзност и внимание кај јавноста.

„И покрај тоа што овие појави се објаснети како најголеми човечки артефакти со значително влијание врз животната средина и атмосферата на Земјата, тие немаат негативна конотација, како другите еколошки девастирачки процеси: климатските промени, излевањето на нафтата, растот на температурите и пожарите и токсичниот отпад“, велат од МСУ.

Појаснуваат дека предавањето ќе ги проследи овие артефициални траги на небото, како естетски и еколошки показатели, кои нудат сознанија за влијанијата врз атмосферата и животната средина. Во оваа насока, посочуваат, ќе се проследат бројни уметнички дела, кои ги интерпретираат овие појави, тргнувајќи од нивното прозаично постоење, како предмет на уметничко и естетско вреднување, се до естетизацијата на насилството врз животната средина, како процес во културата.

Владимир Јанковиќ е професор по Хуманистички науки на Универзитетот во Манчестер, Велика Британија. Тој е коосновач на Центарот за кризни студии на Универзитетот. Застапен е со бројни публикации, кои се однесуваат на историјата на атмосферските науки, урбаната климатологија и атмосферската естетика како што се следниве изданијата „Читајќи го Небото“ (2001), „Соочување со Климата“ (2010), исто така и ко-едитираните изданија „Интимни Универзалности“ (2009), „Клима“ (2011) и „Градски времиња“ (2012). Неговите истражувања се финансирани од реномирани институции и фондации како „UK Economic and Social Research Council“, „Arts and Humanities Research Council“, „Welcome Trust“, „US National Science Foundation“ and „US Social Science Research Council“. Автор е на телевизиската серија „Бури на Војната“ емитувана на Дискавери програмот.

Влезот за ова предавање е слободен.

Римскиот политичар и филозоф, Марк Тулиј Цицерон, во I век пред н.е. укажал дека „кога немате основа за аргумент, злоставувајте го тој што ве обвинува“.

повеќе

Со појавата не енергетската криза многу земји отстапија од зацртаните планови за намалување на емисиите на стакленички гасови.

повеќе

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе