Операта „Кармен“ вечерва во Националната опера и балет

Операта „Кармен“, ремек делото на Жорж Бизе, ќе биде изведена вечер со почеток во 19 часот во Националната опера и балет.

Диригент е Бисера Чадловска. Во главните улоги настапуваат солистите Зоран Сотиров, Ристе Велков, Злата Тошевска, Катерина Стојановска, Марика Поповиќ, Драган Ампов, Дејан Стоев и Ернест Ибраимовски, а во улогата на Кармен, премиерно ќе настапи Николина Јаневска.

Од Националната опера и балет информираат дека настанот ќе се одржи според протоколите за заштита од ковид – 19. Влезот за публиката ќе биде отворен еден час пред почетокот на претставата. 

Зголемувањето на цените на храната се случува од причини кои се многу посложени отколку зголемувањето на другите цени, така што справувањето со тие причини бара различни стратегии. 

повеќе

Оние кои што најмногу сакаат карикатури засновани на црн хумор, имале највисоки мерки на вербалните и невербалните тестови на интелигенција, односно потребна е извесна интелигенција, добро расположение и смиреност да се препознае и ужива во црниот хумор, покажуваат истражувањата.

повеќе

Засега нема причина за паника, но треба внимателно да му пристапиме на наративот дека омикрон предизвикува лесна форма на КОВИД-19 која побрзо ќе доведе до крај на пандемијата.

повеќе