МОБ

Новата 2017 година ќе почне со „Руска бајка“

Македонската опера и балет го најави Новогодишниот концерт со наслов „Руска бајка“, кој ќе се одржи во реновираниот Салон на МОБ на 1 јануари (недела) 2017 година.

Ансамблите на МОБ интензивно се подготвуваат за овој убав настан, пристигната е гостинката од Украина, Калинкина, и според нејзините изјави, таа е презадоволна од подготовките и од програмата за концертот.

На програмата на концертот ќе бидат застапени дела од познатите руски композитори: Прокофјев, Чајковски, Шостакович, Рахмањинов, Фомин, Герман, Пендерецки, Ларионов и Римски-Корсаков. Ќе ги изведат оперските солисти: Тамара Калинкина - сопран (Украина), Борис Трајанов - баритон и Дарко Нешовски - тенор, како и балетските солисти: Мими Поп Алексова Атанасовска, Марија Кичевска Шокаровска, Ивана Коцевска, Бобан Кoвачевски, Дојчин Дочев (Бугарија), Игор Веланоски, Дафина Данилоска-Кочевска, Маја Митровска-Богојевска, Марина Анастасовска и Билјана Басмаџиева.

На концертот учествуваат и балетскиот ансамбл и оркестарот на Македонската опера и балет. Режисер е Трајко Јордановски, кореограф - Саша Евтимова, а диригент на концертот ќе биде Иван Еминовиќ.

МОБ ја потсетува публиката дека има уште малку билети за продажба за првиот културен настан во Македонија во Новата 2017 година.

Реформи во образованието секако дека се потребни, но тие треба да се базираат на цврсти докази поткрепени со позитивни резултати за напредок.

повеќе

Кога ќе се каже Западна Европа, во Македонија се мисли дека се работи за место каде што царува сознанието.

повеќе

Постојат кафе барови каде стои натпис дека немаат интернет па препорачуваат луѓето да си прават муабет како порано. 

повеќе