Михаил Баришников: На Путин воопшто не му е гајле за луѓето

Светски познатиот балетан Михаил Баришников се најде на светските насловни страници кога пребегна од Советскиот Сојуз во 1974 година. Оттогаш тој главно не се мешаше во политиката. Сега Баришников во интервју за Си-би-ес вели дека повеќе не може да молчи за руската инвазија на Украина. Интервјуто ќе се емитува на 19 јуни на Си-би-ес и на Парамаунт+.

Фото: скриншот

„Овој пат не можев да молчам“, рече Баришников. „Роден сум во советско – во тоа време Советска Латвија – во семејство на воен офицер“.

Неодамна, Баришников ја кооснова „Вистинска Русија“, добротворна организација за собирање пари за украинските бегалци. Кога Русија ја забрани нејзината веб-страница, Баришников напиша отворено писмо до претседателот Владимир Путин. Тој напиша дека Путиновиот руски свет – светот на стравот – ќе „умре од сопствениот ужас доколку не се разбуди“.

Следува извадок од интервјуто со Баришников.

Новинарот: Што мислевте кога Путин рече дека Русите што го поддржуваат Западот се „ѓубриња и предавници“?

Баришников: Знаете, тоа е одвратно.

Новинарот: Дали мислите дека ова е војна на Русија? Или војна на Путин?

Баришников: Тоа е војна на Путин... Тој се обидува да создаде нова историја на Русија... Нему воопшто не му е гајле за луѓето... иако, како е можно тоа, тој самиот има деца, знаете? Како е можно?

Новинарот: Русите што зборуваат против него обично потоа исчезнуваат.

Баришников: Видете, јас ќе наполнам 75 години. Што имам да изгубам?

Баришников разговара и за новата продукција на „Овоштарник“ – неговото дело во њујоршкиот центар што го носи неговото име - и за многу други работи.

Легенда под Главна слика

Фото: скриншот

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе