СКОПЈЕ ТАНЦОВ ТЕАТАР

Кореографот и танчер Самуел Вуерстен ќе биде прогласен за почесен доктор на ЕФТА

Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕФТА - Скопје, на 20 октомври 2016 година, во 20 часот, во Младинскиот културен центар, ќе го прогласи Самуел Вуерстен, директор на „Holland Dance Festival“ и извршен продуцент на универзитетот „Кодартс“ за почесен доктор (Doctor Honoris Causa).

Церемонијата ќе почне со беседа на ректорот на универзитетот, Јордан Плевнеш, по што ќе следи новата премиера „Волшебен свет“ на Скопје танцовиот театар под уметничко раководство на Рисима Рисимкин, кореограф и вонреден професор на Универзитетот на аудиовизуелни уметности ЕФТА-Скопје.

Самуел Вуерстен е едно од оние имиња во областа на танцот, кои извршија огромно влијание во неговото поимање, афирмација и презентација на европско и светско ниво.

Преку својата посветена работа, тој делува на повеќе нивоа во областа на современиот танц и поставува нови стандарди, во областа на едукацијата - Ротердамската танцова академија, Универзитет „Кодартс“, Холандија, и катедрата за современ танц при Универзитетот за уметност во Цирих, Швајцарија; уметничко водство во манифестации од областа на танцот – „Holland Dance Festival“, кураторство во областа на танцот - Интернационалниот фестивал „Контекст“, Москва, Русија.

Вуерстен е дел од многу Интернационални танцови (балет и современ танц) натпревари, како дел од жирито, како на пример, тој е член на уметничкиот комитет на Prix de Lausanne, но и на Интернационалниот натпревар за балет во Истанбул и Интернационалниот натпревар за млади кореографи „Танцлаб“, Македонија, од самото негово основање.Самуел Вуерстен

Својата врвна кариера во областа на танцот, Самуел Вуерстен ја започнува како танчер, за подоцна да влезе во областа на кореографијата и едукацијата, со еден збор тој делува на една широка палета на дејности и влијание во областа на современиот танц.

Како уметнички и генерален директор на прочуениот „Holland Dance Festival“, Вуерстен извршува големо влијание во формирањето на вкусот на европската и светската публика, преку создавање на фестивал од светски ранг, на кој се презентираат само компании со префикс најдобри во својата област.

Како извршен продуцент и копродуцент на Уметничкиот универзитет во Ротердам „Кодартс“ и уметнички директор на катедрата за современ танц при Универзитетот за уметност во Цирих, Швајцарија, тој создава танчери, кои се курентни, не само на европската, туку и светската современа танцова сцена и ги поставува стандардите за едукацијата во областа на танцот.

Вуерстен, во континуитет е дел од интернационални жирија на светски натпревари од областа на балетот и современиот танц; воедно, тој е и уметнички консултант на повеќе танцови и уметнички организации. Во период од една деценија тој е уметнички директор на Интернационалниот танцов фестивал „Степс“ во Швајцарија, а од 2013 година, Вуерстен е куратор на Интернационалниот фестивал „Контекст“ во чест на руската балерина Диана Вишнева.

Самуел Вуерстен има една од клучните улоги во формирањето на современата танцова сцена во Македонија, од 2008 година, кога се запознава со Рисима Рисимкин, македонска кореографка и промотор на современиот танц во Македонија, Вуерстен ја поддржува идејата на Рисимкин за создавање на Академија за современ танц и Ротердамската танцова академија станува партнер на културниот центар „Интерарт“ и во 2010 година, со поддршка на Амбасадата на Кралството Холандија во Македонија, се отвора Скопската танцова академија при Универзитетот ЕСРА, чиј ректор е Јордан Плевнеш.

Оваа академија во изминативе 6 години, под раководство на Рисимкин, со соработка и стручна помош од ротердамската академија, преку програмата за размена на профосори-гости и учество на кореографи, по предлог на Самуел Вуерстен, помага во продукцијата на првите современи танчери „Made in Macedonia“, со европски квалитет. Врз основа на тоа, Рисима Рисимкин во 2011 година го формира Скопје танцовиот театар, во кој работат танчерите на Скопската танцова академија.

Во изминативе шест години, Самуел Вуерстен е постојан гостин на проектите на „Интерарт“, како и Скопската танцова академија и Универзитетот ЕСРА, каде е и консултант за програмата за мастер студии од областа на изведувачките уметности.

Самуел Вуерстен е роден и израснат во Г’штаад, Швајцарија. Своето формално образование за танц го започнува на Хамбуршката балетска школа и Ротердамската танцова академија при универзитетот „Кодартс“. Во моментот живее и работи во Холандија. Во 2011 година тој ја добива почесната витешка титула во рамките на Холандскиот Одред на Orange-Nassau. Истата година го добива францускиот Орден за уметност и литература и се здобива со звањето Chevalier dans l’ordre des Arts et des Lettres. Орденот го доделува Француското Министерство за култура за особен придонес за збогатување на француското културно наследство.

Веројатно е најдобро претседателот Иванов да не го дава мандатот додека не се даде на увид законот за употреба на албанскиот јазик и другите планови на новата коалиција

повеќе

Изразено ниската вредност на вложување во науката и истражувањата во Македонија е јасен знак за отсуство на грижа на државата за овие суштински дејности. 

повеќе

Последните 11 години Македонија е окована во аграрен, ксенофобичен и социо-економски популизам, кој не се однесува на интересите и потребите на граѓаните, туку на оние кои се повинуваат на волјата на елитата.

повеќе