КУЛТУРНА СОРАБОТКА

Искра Шукарова оди во Њујорк како партнер на мрежата „Глобал Практис Шеринг“

Кореографката и балерина Искра Шукарова, како една од основачите на современиот танц во Р. Македонија и професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во последните 20 години е поддржана од страна на бројни организации од САД. Како кореограф таа има настапувано на сцени во Њујорк, како театарот DTW, Dixon's Place, и има соработувано со бројни реномирани уметници од њујоркшката сцена.

Мрежата „Глобал Практис Шеринг“ (Global Practice Sharing) е воспоставена поради соработка помеѓу САД и Источна Европа во полето на современ танц и изведувачките уметности. Проектот е реализиран со организацијата „Movement Research“ од Њујорк. Мрежата е основана во јануари 2015 година, каде Шукарова беше повикана како партнер од Р. Македонија.

На средбата, која ќе се одржи во Њујорк на 6 јануари, ќе присуствуваат партнери од Унгарија, Латвија, Србија, Романија, Бугарија, како и релеватни организации од САД кои се партнери на мрежата. Проектот е важен за нашата земја бидејќи овозможува резиденции и размени на уметници од САД и Македонија, кои имаат можност да добијат нови сознанија во сферата на современиот танц и изведувачките уметности.

Помина 22 јуни во уште едно потсетување, дека пред 16 години во 4,30 часот почна битката за Арачиново во која загинаа тројца припадници на македонските полициски сили.

повеќе

И во Турција, како и во Иран и Романија народот постојано ќе го поставува истото прашање: дали средствата потрошени за глорификација на власта можеа да бидат употребени за искоренување на сиромаштијата.

повеќе

Дали Борисов ќе го негира својот претходник, поранешниот премиер, генерал Рачо Петров и ќе продолжи да инсистира на заедничка историја која официјална Бугарија упорно настојува да ни ја подметне.

повеќе