Нихон-Џи, фестивал на јапонска култура во Скопје

Фестивал на јапонска култура Нихон-Џи ќе се одржува денеска во Центарот за иновации „Јавна соба“ на кој ќе бидат  претставени јапонска литература, кинематографија, музика, архитектура, хаику поезија,  борачки вештини, гастрономија, мода и поп култура, односно аниме, манга, косплеј и видеоигри.

Фестивалот е во организација на Јапан.нет.мк ([email protected]) и поддржан од Амбасадата на Јапонија во земјава. Како што е најавено, ќе се претстават над 20 уметници и илустратори, тројца модни дизајнери, седум хаику поети, четири доџоа, професори, критичари, технолошки експерти, околу 48 гејмери, љубители на стратегиски игри, бонсаи градина и се очекува голе број косплеери.

„Посетителите ќе може да присуствуваат на работилници за специфични јапонски занаети (кумихимо, монкири и церемонија за чај) и на три посебни трибини (Културно-општествена трибина: Јапонски животни и работни навики, култура, менталитет и општествени норми; Аниме: Разликата помеѓу западната и јапонската анимација и Литература: Популарни јапонски концепти во литературата и уметноста кои се применуваат за зголемување на квалитетот на живот). Фестивалот ќе вклучи и турнири во игрите Текен, Покемон Го и Ју-Ги-О, како и продажен дел со суши, јапонско виски, јапонски чаеви, стратегиски друштвени игри, јапонски книги и манга стрипови, рачни изработки со јапонски мотиви, аниме фигури итн.“, соопшти организаторот.

Програмата на Фестивалот е достапна на неговата официјална страница и на Фејсбук.

Ќе биде отворен во 11 часот во присуство на амбасадорот Савада Хиронори, а ќе биде затворен со диџеј сет со јапонска музика и караоке настан.

[email protected] е 14-годишно неформално здружение на ентузијасти за јапонската култура од Македонија и  досега има организирано над 40 помали настани кои ја претставуваат јапонската култура.

 

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе

Од мали нозе ги заобиколуваме правилата на игра, па не е ни чудо што потоа се сопнуваме кога ќе истрчаме на терен.

повеќе