Светски ден на науката за мир и развој

На УКИМ доделени награди за најдобри научници и уметник

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје го одбележа Светскиот ден на науката за мир и развој - 10 Ноември, кој по две пандемиски години, се одржа со физичко присуство, во аулата на Ректоратот на Универзитет.

Традиционално, Универзитетот го одбележува Светскиот ден на науката со промоција на најдобрите научници и уметник на Универзитетот за достигнувањата реализирани во изминатата календарска година. Годинава, овој настан беше збогатен со доделување на плакета за посебен придонес во развојот на научноистражувачката дејност на Универзитетот и исклучителни достигнувања во целокупната кариерата.

Доделени се награди на најдобри научници и уметник во 2021 година:

-во научното подрачје на природно-математички науки со врвни резултати за 2021 година е избрана д-р Рената Ќуштеревска, вонреден професор на Природно-математички факултет;

-во научното подрачје на техничко-технолошките науки со врвни резултати за 2021 година е избран д-р Петре Ламески, вонреден професор на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство;

-во научното подрачје на медицински науки со врвни резултати за 2021 година е избран д-р Игор Спироски, вонреден професор на Медицинскиот факултет;

-во научното подрачје на општествени науки со врвни резултати за 2021 година е избрана д-р Виолета Цветковска, вонреден професор на Економскиот факултет;

-во научното подрачје на хуманистички науки со врвни резултати за 2021 година е избрана д-р Лидија Тантуровска, научен советник на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“;

-за најдобар уметник за 2021 година е избрана м-р Дарија Андовска, редовен професор на Факултетот за музичка уметност.

Доделени се плакети за посебен придонес во развој на научноистражувачката дејност и интернационализацијата и афирмација на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, и тоа:

1. На проф. д-р Трајче Стафилов, редовен професор (во пензија) на Природно-математичкиот факултет во знак на признание за посебен придонес, во две категории - за исклучително достигнување во кариерата и објавени повеќе од 100 научни трудови афилирани на Универзитетот, индексирани во базата Web of Science (199 заклучно со 2021) и за исклучително достигнување во кариерата и меѓународно признаена извонредност преку застапеност во листата на Stanford Универзитетот за 2% најцитирани научници на планетата за целата кариера, заклучно со 2021.

2. На проф. д-р Марјан Гушев, редовен професор на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во знак на признание за посебен придонес, во две категории - за исклучително достигнување во кариерата и објавени повеќе од 100 научни трудови афилирани на Универзитетот, индексирани во базата Web of Science (158 заклучно со 2021) и за најголем број научни публикации на Web of Science во изминатата деценија 2011 – 2020.

3. На проф. д-р Лилјана Гавриловска, редовен професор (во пензија) на Факултетот за електротехника и информациски технологии во знак на признание за посебен придонес, во две категории - за исклучително достигнување во кариерата и објавени повеќе од 100 научни трудови афилирани на Универзитетот, индексирани во базата Web of Science (116 заклучно со 2021) и за раководење на најголем број меѓународни проекти во периодот на интегриран универзитет 2009 -2021 година.

4. На академик проф. д-р Љупчо Коцарев, редовен професор (во пензија) на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во знак на признание за посебен придонес, во две категории - за исклучително достигнување во кариерата и објавени повеќе од 100 научни трудови афилирани на Универзитетот, индексирани во базата Web of Science (106 заклучно со 2021) и за исклучително достигнување во кариерата и меѓународно признаена извонредност преку застапеност во листата на Stanford Универзитетот за 2% најцитирани научници на планетата за целата кариера, заклучно со 2021.

5. На проф. д-р Гоце Спасовски, редовен професор на Медицинскиот факултет му се доделува во знак на признание за посебен придонес, во категоријата за исклучително достигнување во кариерата и објавени повеќе од 100 научни трудови афилирани на Универзитетот, индексирани во базата Web of Science (114 заклучно со 2021).

6. На проф. д-р Иван Грозданов, редовен професор (во пензија) на Природно-математичкиот факултет во знак на признание за посебен придонес, во категоријата за исклучително достигнување во кариерата и меѓународно признаена извонредност преку застапеност во листата на Stanford Универзитетот за 2% најцитирани научници на планетата за целата кариера, заклучно со 2021.

7. На академик проф. д-р Леонид Грчев, редовен професор (во пензија) на Факултетот за електротехника и информациски технологии во знак на признание за посебен придонес, во категоријата за исклучително достигнување во кариерата и меѓународно признаена извонредност преку застапеност во листата на Stanford Универзитетот за 2% најцитирани научници на планетата за целата кариера, заклучно со 2021.

На настанот пред присутните се обрати ректорот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Никола Јанкуловски, проректорката за наука проф. д-р Валентина Гечевска, добитничката на награда за 2021 година проф. д-р Лидија Тантуровска и добитниците на Плакета на Универзитетот, академик проф. д-р Љупчо Коцарев и проф. д-р Лилјана Гавриловска.

Светскиот ден на науката за мир и развој – 10 Ноември е прогласен на генералната конференција на УНЕСКО во 2001 година. Ректорот на УКИМ Никола Јанкуловски во обраќањето рече дека тој е востановен за да ја нагласи важната улога на науката во општеството и потребата да се ангажира пошироката јавност  во дебатите за новите научни прашања.

„Исто така, ја нагласува важноста и релевантноста на науката во нашиот секојдневен живот. Со поблиско поврзување на науката со општеството, Светскиот ден на науката за мир и развој има цел да обезбеди граѓаните да бидат информирани за развојот на науката“, рече Јанкуловски на настанот, кој по две пандемиски години, беше организиран со физичко присуство во Ректоратот на УКИМ.

Јанкуловски посочи и дека одбележувањето на годинашниот Светски ден почна на 8 јули во рамки на Меѓународната година на основните науки за одржлив развој и дека основните науки се од витално значење за напредокот во медицината, индустријата, земјоделството, водните ресурси, енергетското планирање, животната средина, комуникациите и културата.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе