Музика

Во Камерната сала на Филхармонија вечер ќе се одржи концертот „Теремин-вокс фантазија". Како солистка на теремин ќе настапи Ива Дамјановски, а настапуваат и Маријана Николовска – пијано и Татјана Петрушевска – обоа, Мартин Димитров и Марија Трајковска – виолина, Илза Бафтиари – виола и Паскал Краповски – виолончело.

28 Април 2022 - 08:17

Крајот на првата, пролетна сезона на 45-тите „Денови на македонска музика" ќе биде означен со камерно-солистичкиот концерт насловен „Надеж" со настап на млади музички надежи.

27 Април 2022 - 10:44

МКЦ и хроничарот на македонската рок музика Тошо Филиповски денеска приредија уште еден настан - беа промовирани две нови компилациски винилни изданија, тематски поделени на Дарк вејв и Њу вејв, на кои се најдоа нумери од македонски бендови кои оставија силна трага во осумдесетите години. „Оваа година, нашиот Велигден се вика Record Store Day“ (Ден на независните музичките продавници) - под ова мото на отворено се преслушуваа двете лонг-плеј плочи, а новинарот Љупчо Јолевски беше промовиран во нова македонска "Worldwide Record Store Legend".

23 Април 2022 - 23:24

Влезниците за 21. издание на традиционалниот Офф-фест, што ќе се одржи од 1 до 4 јуни во Националната опера и балет и МКЦ, се веќе во продажба. Фестивалот годинава го сочинуваат осум концертни настапи и еден документарен филм.

22 Април 2022 - 09:27

Во Националната палата на култура во клубот „Софија лајв клуб“ во Софија синоќа концерт одржа македонска џез група „Сетстат“, на кој беа промовирани песните што ќе бидат дел од нивниот нов 11-ти албум.

21 Април 2022 - 09:59

„Волшебната хорна“ е насловен концертот на оркестарот на Филхармонија, на кој вечерва како солист на хорна ќе настапи Марк Грубер од Германија. Диригент е Конрад ван Алфен од Холандија, а на програмата се Концертот за хорна и оркестар бр.1 од Рихард Штраус и Симфонијата бр.5 од Антонин Дворжак.

21 Април 2022 - 07:52

Танцовата компанија „Марта Греам “ од Њујорк, која е добитник на овогодишната награда „Менада“ на Фестивалот „Танц фест Скопје 2022“, денеска со почеток од 20 часот ќе настапи во рамки на 18-то издание на Фестивалот, на сцената на Македонскиот народен театар. На настапот ќе и биде доделена и наградата на актуелната уметничка директорка на „Марта Греам“, Џенет Ајлбер.

20 Април 2022 - 07:49

Националниот ансамбл за македонски народни игри и песни „Танец“, вечер, во Националната опера и балет, со почеток во 20 часот, ќе го одржи традиционалниот голем Велигденски концерт.

19 Април 2022 - 08:19

Фанк шуи годинава ја почнаа со онлајн претставување на најголемиот и најпрестижен шоукејс фестивал во Европа - Eurosonic во Холандија. Ова им овозможи оваа пролет да имаат два концерти во Англија – на 29 април во Лондон, а ден потоа ќе гостуваат на добропознатиот Sound City фестивал во Ливерпул, на кој многу артисти од музичката идустрија ја почнале својата кариера.

15 Април 2022 - 21:27

Во Филхармонијата вечер ќе се одржи солистички концерт на Зарина Прваседа, на којшто ќе биде промовиран нејзиниот прв официјален студиски албум насловен „ЕХО“.

15 Април 2022 - 07:29

Пет години по големиот повратнички концерт во „Метрополис арена", поп-рок бендот Меморија на 11 јуни ќе одржи концерт под отворено небо на стадионот на Армијата во Градскиот парк во Скопје. Концертот беше најавен со прес-конференција на која членовите од бендот рекоа дека настапот е замислен како „концертна матурска рокенрол забава на генерациите". Лидерот на Меморија Петар Георгиевски - Камиказа истакна дека со истиот жар, со засилен состав, продолжуваат со работа, а дека „пробите ни одат феноменално".

13 Април 2022 - 14:41

В четврток, во 20 часот ќе се одржи концерт во рамки на програмата на фестивалот „Денови на македонска музика“. Диригент е Борјан Цанев, а како солисти ќе настапат Билјана Камчева-флејта, Лазар Соколов-кларинет, Огненка Герасимовска-Димитровска–пијано и Горан Начевски – баритон. На програмата се Концертот за флејта, кларинет и оркестар од Љубомир Бранѓолица кој ќе доживее премиерна изведба, Концертот за пијано и оркестар од Властимир Николовски и симфонијата „Убави денови“ од Живоин Глишиќ.

11 Април 2022 - 21:24

Од денеска се во продажба билетите за 12-то издание на фестивалот на нова музика „Здраво млади", што ќе се одржи на 3 септември во паркот на Младинскиот културен центар (МКЦ). Од МКЦ за годинешното издание го најавија бендот „Deerhoof", калифорниската нојз панк група оформени во 1994 година.

06 Април 2022 - 12:43

Под диригентската палка на маестро Борјан Цанев, вечерва, во рамки на фестивалот „45. Денови на македонска музика“’, Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија „Саша Николовски – Ѓумар“ ќе изведе повеќе дела, меѓу кои Адаѓо за гудачки оркестар од Кирил Македонски и Циклус за сопран и гудачки оркестар од Благоја Ивановски.

04 Април 2022 - 07:26

На 15 април во Македонската филхармонија ќе се одржи солистичкиот концерт на Зарина Првасевда, промоција на нејзиниот прв официјален студиски албум, насловен како „Ехо“ во издание на Кроациа рекордс.

01 Април 2022 - 15:32

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе